Нови 89 случаи со Ковид-19 и 58 оздравени пациенти


Фото: Б. Грданоски

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.271 тест, а регистрирани се 89 нови случаи со Ковид-19 и 58 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Од 89 новозаболени од Скопје се 42, Битола – 15, Кочани, Неготино и Ресен – по четири, Кавадарци и Гостивар – по три, Куманово, Велес, Кичево и Свети Николе – по два, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по еден.

Од вкупниот број позитивни (89), регистрирани се 17 реинфекции.

Од 58 оздравени пациенти од Скопје се 29, Битола – 11, Гостивар, Велес и Прилеп – по 3, Куманово, Демир Хисар и Тетово – по 2, Кочани, Кавадарци и Охрид – по 1.

Направени се 1.271 тест преку: ИЈЗ-158, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-12, ЦЈЗ Тетово-22, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–67, Жан Митрев (Филип Втори)-31, Авицена-19, Биотек-41, Систина-38, лабораторија Лаор-24, Синлаб-21, Ремедика-14, Плодност-9, Генеа-14, Никоб Лаб-81, ВФВ Медикал-10, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–15, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 539.

Досега во земјата се направени вкупно 2.034.656 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.595, бројот на оздравени пациенти е 300.675, на починати е 9.287, а на активни случаи изнесува 633.