Хрватска е подготвена да го користи еврото


Хрватска ги исполнува критериумите за конвергенција и Европската комисија заклучи дека е подготвена да стане 20-та членка на еврозоната од 1 јануари 2023 година. -Честитки за Хрватска! Денеска Хрватска направи значаен чекор кон усвојување на еврото, нашата заедничка валута. Помалку од една деценија по пристапувањето во ЕУ, Хрватска сега е подготвена да се приклучи на …

Хрватска е подготвена да го користи еврото Read More »

Николовски: Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди


Оваа година ќе мора да ја менуваме свеста, ќе менуваме сѐ во земјоделието и ќе мора да го правиме она што го бара пазарот. Ако сме најусогласена земја со заедничката европска политика, ќе мора тоа и на дело да го покажеме, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во обраќањето на настан по …

Николовски: Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди Read More »

Бесими: Веќе се преземаат мерки за намалување на сивата економија


Унапредување на процесот на мерење, следење и детектирање на сивата економија, стимулативни активности за формализација на сивата економија, јакнење на свеста за сивата економија и јакнење на даночниот морал, зајакнување на инспекциските служби, унапредување на законската регулатива, како и спроведување мерки во делот на Царинската управа каде што ќе бидат опфатени и производите од е-трговијата, …

Бесими: Веќе се преземаат мерки за намалување на сивата економија Read More »

Шаќири: Образованието е во основа на развојот, ги слушаме младите за промените на образовните политики


Младите се во фокусот на политиките на Министерство за образование и наука. Со темелните реформи на образованието обезбедуваме сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование и ги реализираме трите главни приоритети на Владата во делот на политиките за младите, а тоа се: намалување на младинската невработеност преку зголемување на вработливоста, вклучување на младите во процесите на одлучување …

Шаќири: Образованието е во основа на развојот, ги слушаме младите за промените на образовните политики Read More »

Малолетник пукал во близина на училиште во Бутел


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на средно училиште на подрачјето на Бутел, малолетник испукал куршум од огнено оружје. Од полицијата информираат дека во координација со Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Земјотрес од 6,1 степени во кинеска провинција Сечуан


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер денеска ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан. Властите соопштија дека железничкиот сообраќај е делумно прекинат. Три лица се тешко повредени. Земјотресот се случил на околу 110 километри од Ченгду, главниот град на провинцијата, а епицентарот бил на длабочина од 17 километри. Најсмртоносниот земјотрес во Кина во последните …

Земјотрес од 6,1 степени во кинеска провинција Сечуан Read More »

Не може во некоја општина да „дивее“ некоја градба, а градоначалникот да нема право да ја сопре


Поголеми надлежности на градоначалниците и локалните власти, за да можат општинските проблеми побрзо да се решаваат, пристап до европските фондови, но преку Унијата на европски градови и одлична соработка со централните власти, без оглед на политичката припадност на градоначалниците се дел од решенијата кои беа предложени на денешниот Меѓународен форум на градоначалниците „Модерни општини“, што …

Не може во некоја општина да „дивее“ некоја градба, а градоначалникот да нема право да ја сопре Read More »

Платан од „Васко Карангелевски“ ќе се пресади во Градскиот парк


Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и Градот Скопје денеска ќе извршат пресадување на едно повеќегодишно дрво – платан, од улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром. Платанот ќе биде пресаден на претходно избрана локација во Градскиот парк. Пресадувањето ќе биде извршено со специјалната машина за пресадување на дрвја, која е во сопственост на ЈП „Паркови и …

Платан од „Васко Карангелевски“ ќе се пресади во Градскиот парк Read More »

Швајцарија не и дозволи на Данска реекспорт на оружје за Украина


Швајцарската влада ставила вето на барањето на Данска да испрати оклопни транспортери од швајцарско производство во Украина, повикувајќи се на својата политика на неутралност според која земјата не испорачува оружје во конфликтните зони, објави швајцарската телевизија „СРФ“. Телевизијата се повикува на одлука на Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) кој го отфрлил барањето на Данска …

Швајцарија не и дозволи на Данска реекспорт на оружје за Украина Read More »

Десет балкански комори со ист став до владите – помогнете му на бизнисот


Претставниците од стопанските комори кои се дел од Асоцијацијата на балканските комори (АБК) на годишното Генерално Собрание, кое се одржа виртуелно на 31 мај 2022 година, во рамки на претседавањето на Стопанската комора на Кипар со АБК, дискутираа за повеќе теми осврнувајќи се на актуелните случувања во земјите-членки на АБК со акцент на плановите за …

Десет балкански комори со ист став до владите – помогнете му на бизнисот Read More »

Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации


Ракометната Федерација на Македонија денес соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот директор на машките и женските репрезентации Левче Китевски. Двете страни взаемно се спогодија за прекин на соработката. – Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации, стои во …

Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации Read More »

Германија првпат рускиот гас го плати во рубли


Германските енергетски компании „РВЕ“ и „Унипер“ потврдија дека за прв пат рускиот гас го платиле според правилата на Москва односно во рубли преку посредничка банка во Русија. Според правилото усвоено на крајот март, набавувачите на руски гас од „непријателските земји“ мораат да отворат сметка во „Гаспром банка“ и на неа да уплатат дознаки во договорената …

Германија првпат рускиот гас го плати во рубли Read More »

Прогласени победничките зелени идеи за 2022 година


Здружението за социјални иновации – АРНО вчера ги прогласи победниците од натпреварот „Зелени идеи“ 2022 кој се одржа во Центарот за социјални претпријатија во Скопје. Како што соопштуваат од АРНО, на натпреварот пристигнаа 20 апликации, од кои 10 се натпреваруваа во македонското финале. Жирито составено од Дурим Зеќири од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, Игор …

Прогласени победничките зелени идеи за 2022 година Read More »

Три починати лица и 87 новозаболени со Ковид-19


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 54, Охрид – 9, Битола – 8, Прилеп и Берово – по 3, Велес, Штип и Кочани – по 2, Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино …

Три починати лица и 87 новозаболени со Ковид-19 Read More »

Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика


Во Основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари денеска почна првото главно тестирање во рамки на државното тестирање на ученици од трето одделение. Го спроведува Државниот испитен центар (ДИЦ) и ќе бидат опфатени ученици од 79 училишта на македонски наставен јазик и 41 училиште на албански наставен јазик. Ќе бидат тестирани 4.200 ученици по …

Државно тестирање на третоодделенци за мајчин јазик и математика Read More »

Шаќири: Отворен сум за дијалог и соработка со синдикатот за високо образование


 Како што имавме социјален дијалог за основно и за средно образование, отворен сум за соработка и ја очекувам со репрезентативниот синдикат за високото образование, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во врска со протестот кој за утре е најавен од професори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои бараат потпишување на Колективниот договор …

Шаќири: Отворен сум за дијалог и соработка со синдикатот за високо образование Read More »

Обнова на патот од Пуста Река до Цер за поврзување на Крушево и Кичево


 Општина Крушево денеска најави дека ќе започне со санација на патот од село Пуста Река до кичевското село Цер. -Со поддршка на централната власт ќе се започне со санација и порамнување на патот кој ги поврзува општините Крушево и Кичево. Ова е прва фаза, а во наредната ќе инсистираме на изнаоѓање извори на финансирање за …

Обнова на патот од Пуста Река до Цер за поврзување на Крушево и Кичево Read More »

САД испратија авиони ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор


Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО. Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше …

САД испратија авиони ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор Read More »

Од 22 министри во австралиската влада, 10 се жени


Заклетва синоќа во Канбера положи владата на новиот премиер Ентони Албанезе, во која има десет жени од 22-те министерски позиции, што ја чини родово најбалансирана влада во историјата на Австралија. Две од најважните министерства сега ги предводат жени. Пени Вонг е новиот државен министер, додека Клер О’Нил стана министерка за внатрешни работи. Ричард Марлс, кој …

Од 22 министри во австралиската влада, 10 се жени Read More »