Обнова на патот од Пуста Река до Цер за поврзување на Крушево и Кичево
Општина Крушево денеска најави дека ќе започне со санација на патот од село Пуста Река до кичевското село Цер.
-Со поддршка на централната власт ќе се започне со санација и порамнување на патот кој ги поврзува општините Крушево и Кичево. Ова е прва фаза, а во наредната ќе инсистираме на изнаоѓање извори на финансирање за асфалтирање и целосна функционалност на овој регионален пат, изјави градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.
Од општината соопштија дека регионалниот пат кој води до село Пуста Река беше целосно реконструиран, а изградбата на асфалтниот пат кон село Цер ќе го олесни движењето и ќе ја унапреди поврзливоста на двете општини.
-По асфалтирањето на патот од Крушево до Пуста Река граѓаните апелираа да се работи на патот до село Цер кој е достапен за користење за теренски возила, но не е фунцкионален, додава градоначалникот Христоски.
Проодноста на овој пат, според општината, ќе обезбеди пократок патување до Кичево од неколку десетици километри.