Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол


Нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол најави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, јави Си-Ен-Ен. Како што појасни таа, коридорите ќе ги спојат двата града со Запорожје, што е на север и сè уште е под контрола на Украина. – Планирана е и централизирана евакуација со автобус од Бердјанск, град окупиран од Русија. …

Најавени нови коридори за евакуација од Мариупол и од Мелитопол Read More »

Во недела ќе се засадат 3.200 нови садници во Раштак


Во недела, со почеток во 10 часот, Општина Гази Баба во соработка со Здружението на граѓани Treebanks, Македонски шуми, Шумарски факултет и Јавното комунално претпријатие , организира акција за пошумување на дел од падините на Скопска Црна Гора во месноста наречена Сарачево, во непосредна близина на населено место Раштак. Во рамките на акцијата планирано е …

Во недела ќе се засадат 3.200 нови садници во Раштак Read More »

Општините и државните институции должат 600 милиони евра


Јавни и државни претпријатија, општини, болници, училишта, каде што партиите на власт ставаат на раководни функции свои кадри, пријавиле дека имаат долгови од вкупно 617,5 милиони евра, според последните податоци од Министерството за финансии. Пријавиле доспеани долгови за 2021 година, што не ги платиле, милионски суми што ќе дојдат до последниот ден на таа фискална …

Општините и државните институции должат 600 милиони евра Read More »

Зачестија пожарите на отворено во општина Старо Нагоричане


Последнава недела зачестија пожарите не отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица. Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот. …

Зачестија пожарите на отворено во општина Старо Нагоричане Read More »

Две лица утрово се убиени во Хрватска


Во Плоче, Хрватска, убиени се две лица, од кои едно наводно малолетно. Убиецот е уапсен. Утрово околу осум часот во Плоче, хрватска се слушнало пукање, а локалне портал дознава дека убиени се две лица, а полицијата ги блокирала влезовите во градот, додека го бараат убиецот. „Дубровнички дневник“ пак јавува дека напаѓачот е уапсен во Опузен. …

Две лица утрово се убиени во Хрватска Read More »

Зеленски пред Европскиот совет: Воведовте санкции, но малку задоцнето!


Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред шефовите на држави во Советот на ЕУ во Брисел. Прво зборуваше за уништувањето на земјата од страна на Русија и нанесените штети, но и се заблагодари за сплотеноста на Европа во поддршката на Украина. „Руската војска не гледа што е достоинство. Не знаат што е совест. Не разбираат …

Зеленски пред Европскиот совет: Воведовте санкции, но малку задоцнето! Read More »

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје


Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот. Селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки за финалето против Португалија, …

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје Read More »

Украина: Го уништивме „Саратов“, голем брод со 20 тенкови и 400 војници


Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот „Саратов“, а не „Орск“, како што беше претходно информирано. „Според ажурираните информации, големиот десантен брод ‘Саратов’ е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови ‘Цезар Куников’ и ‘Новочеркаск’“, се …

Украина: Го уништивме „Саратов“, голем брод со 20 тенкови и 400 војници Read More »

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил


Македонскиот селектор Благоја Милевски не го криеше задоволството по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0), истакнувајќи на прес-конференцијата по натпреварот во Палермо дека е горд на своите играчи. – Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи, изјави Милевски, кој ја однесе македонската …

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил Read More »

Сончево со температура до 24 степени


Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен, вдолж Поварадрието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне …

Сончево со температура до 24 степени Read More »

Изгаснат шумски пожар предизивикан поради запалени гуми


Тетовските пожарникари попладнево изгасија шумски пожар кој бил предизвикан од намерно запалени автомобилски гуми. Пожарот бил евидентиран околу 13 часот и 30 минути во близина на патот што води од тетовската населба Дреновец кон планинското село Ѓермо. -По дојавата одејќи кон локацијата видовме дека има густ црн чад, а таму видовме дека станува збор за …

Изгаснат шумски пожар предизивикан поради запалени гуми Read More »

Во Софија и повеќе бугарски градови се одржаа мирни протести за поддршка на Украина


Најмалку 20.000 луѓе се собраа вечерва на Плоштадот на независноста во Софија на марш за поддршка на Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Присутните носеа знамиња на Бугарија, Украина и извикуваа „Слава на Украина“. Учесниците носеа фотографии од руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, на кои пишуваше „персона нон грата“. Тие ги вклучија светилките …

Во Софија и повеќе бугарски градови се одржаа мирни протести за поддршка на Украина Read More »

Русија: НАТО сака продолжување на војната


Руското Министерство за надворешни работи реагираше на денешниот Самит на НАТО. Во соопштението се наведува дека одлуката да продолжи поддршка за Украина укажува дека Алијансата сака да продолжи судирот. – Одлуката на Западот да испрати оружје ја поттикна украинската Влада да употреби сила против сепаратистичките енклави, кои имаат поддршка од Русија во источна Украина, истакнува …

Русија: НАТО сака продолжување на војната Read More »

Горивата поскапеа за 3 денари


Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за …

Горивата поскапеа за 3 денари Read More »

Макрон: Западот е подготвен за нови санкции против Русија


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија. – Овие санкции имаат влијание и можат да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект, истакна Макрон на прес-конференција по Самитот на лидерите на НАТО и на Г-7 во Брисел. Тој …

Макрон: Западот е подготвен за нови санкции против Русија Read More »

Бајден: Испраќаме оружје од една милијарда долари во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе и испратат на Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од една милијарда американски долари.   – Во текот на изминатите неколку недели, САД одлучија да испратат безбедносна помош за Украина во вредност од милијарди долари. Зборувам …

Бајден: Испраќаме оружје од една милијарда долари во Украина Read More »

Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници


Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници, информираат …

Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници Read More »

Нови 281 случај на Ковид-19, од кои 48 реинфекции, починале три лица


Од направени 2.275 тестови, регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19 од кои најголем дел – 169 се од Скопје. Од вкупниот број позитивни регистрирани се 48 реинфекции. Оздравеле 285 пациенти, а починале три лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Во Битола регистрирани се 24 позитивни на Ковид-19, во …

Нови 281 случај на Ковид-19, од кои 48 реинфекции, починале три лица Read More »

Во Собранието продолженија на четири седници


 Пратениците денеска работеа по продолженијата на четири седници, на 54-та, 57-та, 61-ва и 64-та. Тие ја завршија расправата по неколку точки од четирите седници. Но, гласањето по сите точки кои поминаа, како измени и дополнувања на закони, годишни извештаи, финансиски планови, ќе биде дополнително закажано, поради немање доволен број пратеници во салата. Во рамки на 54-тата седница, …

Во Собранието продолженија на четири седници Read More »

Возрасните, за бесплатно да се возат, да си земат „Скопска“


Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги потсетуваат возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, одлука која важи од утре, дека неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година. Продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација. Такви центри има во …

Возрасните, за бесплатно да се возат, да си земат „Скопска“ Read More »