Главниот украински преговарач: Војната може да трае уште шест месеци


 

Советникот на украинскиот претседател и главен украински преговарач Михајло Подољак рече дека војната со Русија може да трае уште половина година.

„Ова може да се одолжи уште два до шест месеци“, рече Подољак во интервју за опозицискиот портал „Медуза“ доцна во петокот. Рече дека главен фактор за траењето на војната е количината орижје, а друг фактор е расположението на Европа, Украина и Русија кое може да се промени со тек на време.

Мировни преговори може да има само кога ситуацијата на терен би се променила и кога Русија повеќе не би се сметало дека може да диктира услови.

Предупреди дека територијалните отстапки на Русија нема да ја завршат војната. Некои градови, како Мариупол и сега Севернодоњецк во кои се водат најжестоките борби , всушност повеќе не постојат, додава тој.

Подољак, руските загуби до сега, ги процени на вкупно 80.000 луѓе. Тоа вклучува мртви и ранети од редовната војска, сепаратисти и пропадници на платеничките сили Вагнер.

Рече дека по катастрофалната почетна фаза на војната на Москва, со до 1.000 жртви дневно, сегашните загуби на руски и украински војници се споредливи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна наведе дека украинските загуби дневно се 100 мртви и 500 ранети.