Утре многу топло време, попладне со краткотраен пороен дожд


Фото: Б. Грданоски

Утре во земјава ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град, најавуваат од УХМР.

Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.