Белгија не е во можност да понуди нова голема помош за Украина


Залихите оружје на Белгија, со што земјата може да помогне за одбраната на Украина, веќе се исцрпуваат, изјави белгиската министерка за одбрана Лидивин Дедондер. Според Дедондер, нејзината земја нема да биде во можност да најави нова голема помош. Белгиските власти биле во контакт со националните производители на оружје, за да се види што се има …

Белгија не е во можност да понуди нова голема помош за Украина Read More »

Фаучи позитивен на Ковид-19


Американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи е позитивен на Ковид-19. Тој е тестиран со брз антиген тест и продолжува да работи од својот дом додека закрепнува, информираше Националниот институт за здравје. „Моментално има лесни симптоми“, додаваат од Институтот. Осумдесет и едногодишниот Фаучи, целосно вакциниран и со примени две бустер дози, во скорашно време немал …

Фаучи позитивен на Ковид-19 Read More »

Петков ќе достави до парламентот француски предлог за укинување на ветото


Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Република Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми. Петков кажал дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи …

Петков ќе достави до парламентот француски предлог за укинување на ветото Read More »

Повторно дојави за поставени бомби во училишта ширум Србија


Голем број училишта утрово во Белград, Мајданпек, Ниш но и други градови добија дојави за бомби, поради што дел од нив ги известија родителите децата да не доаѓаат на училиште и дека наставата денеска ќе се одржува онлајн. Корисници на социјални мрежи ја потврдиле таа информација, објавувајќи дека пријави стигнале и до училишта во општините …

Повторно дојави за поставени бомби во училишта ширум Србија Read More »

Турција со ново „не“ за Шведска и Финска, сега за трилатерална средба


Турција го отфрли предлогот на НАТО за одржување трилатерални разговори со Финска и Шведска. Состанокот, што условно беше закажан за денеска, не се одржа, пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според извештајот, целта на разговорите била да се најде решение за проблемот што Анкара не го одобрува влезот на Шведска и …

Турција со ново „не“ за Шведска и Финска, сега за трилатерална средба Read More »

Москва ја намалува испораката на гас за Европа преку Северен тек за уште 33 отсто


Рускиот гигант Гаспром денеска објави дека го намалува доставувањето гас за Европа за уште една третина преку гасоводот Северен тек, еден ден по првата најава за драстичното намалување, наведувајќи дека причината е прекинот на снабдувањето на делови од германски Сименс. „Гаспром ја прекина работата на уште една гасна турбина на Сименс на станицата Портоваја“, каде …

Москва ја намалува испораката на гас за Европа преку Северен тек за уште 33 отсто Read More »

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој штотуку слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Вицепремиерот Маричиќ, како што соопшти неговиот кабинет, му посака топло добредојде на Мишел и изрази големо задоволство од неговата посета, која е во исклучително важен момент за нашата …

Маричиќ го пречека Шарл Мишел на охридскиот аеродром Read More »

Нова инвестиција на германски „Орикон“ во областа на обновливата енергија


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори, Фатмир Битиќи и сопственикот на компанијата „Орикон Адвансед Технолоџис“, Маркус Александер Марио Туч, денеска потпишаа договор за државна помош за реализација на проект за индустриско истражување во областа на обновлива енергија, со кој се предвидуваат инвестиции од најмалку 4,9 милиони евра и …

Нова инвестиција на германски „Орикон“ во областа на обновливата енергија Read More »

Одржано првото рочиште од повторното судење за Златна зора – мирен протест пред судот


По речиси шест часа и неколку прекини, попладнево во атинскиот суд се одржа првото рочиште од повторното судење на Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен, јави дописничката на МИА од Атина. Судењето ќе продолжи на 6 јули, а беше прекинато по анонимниот телефонски повик за бомба во судот. …

Одржано првото рочиште од повторното судење за Златна зора – мирен протест пред судот Read More »

ОН истражува наводи дека украински деца се посвојуваат во Русија


 ОН истражува наводно испраќање на украински деца во Русија, каде наводно ќе им бидат понудени на посвојување на руски семејства, изјави денеска шефицата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, на неговата 50-та седница во Женева, Мишел Башеле рече дека нејзините служби „ги истражуваат наводите за …

ОН истражува наводи дека украински деца се посвојуваат во Русија Read More »

Италија треба помалку да се потпира на ЕЦБ во финансирањето на долгот


Италија треба повеќе да се потпира на високите нивоа на заштеди и државни средства во финансирањето на долгот и да ја намали својата зависност од Европската централна банка (ЕЦБ), изјави денеска шефот на банката Интеса Санпаоло, Карло Месина. – Ми изгледа нелогично да се зборува за енергетска независност, а ние дури и не ја спомнуваме финансиската независност, изјави извршниот …

Италија треба помалку да се потпира на ЕЦБ во финансирањето на долгот Read More »

(Фото) Македонец со автомобил падна во река во БиХ


Македонецот З.Љ. (48) утрово со неговото „ауди К7“ падна во реката Босна во Добој, Босна и херцеговина, а за среќа не е повреден. Мажот паднал со автомобилот во реката, по што се качил на покрив и чекал да го спасат полицајците. „Возилото било управувано од страна на З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето учествуваа полициски службеници …

(Фото) Македонец со автомобил падна во река во БиХ Read More »

Нападната наставничка од Куманово


Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот.   – Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово, информираше полицијата.   По целосното документирање на случајот против Љ.К. …

Нападната наставничка од Куманово Read More »

Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации


Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година завршува во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција …

Завршува електронското пријавување за упис во средно, стигнале над 14 илјади апликации Read More »

Нови 75 случаи на Ковид-19, пријавени двајца починати


Во последните 24 часа регистрирани се нови 75 случаи на Ковид-19, од направени 937 тестови. Како што информира Министерството за здравство согласно Институтот за јавно здравје, оздравени се 60 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице.   Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје …

Нови 75 случаи на Ковид-19, пријавени двајца починати Read More »

Тупанчевски: Никој нема да биде поштеден од одговорност по претресот во КПУ „Идризово“


Никој нема да биде поштеден од одговорност по спроведената координирана акција на повеќе институции во Казнено поправната установа-КПУ „Идризово“ каде биле претресувани 25 ќелии и се пронајдени мобилни, ножеви и дрога, соопшти денеска министерот за правда Никола Тупанчевски. Тој заедно со директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски информираа за акцијата која била …

Тупанчевски: Никој нема да биде поштеден од одговорност по претресот во КПУ „Идризово“ Read More »

Од денеска посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид


Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од 16 до 18 јуни 2022 година, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите. Полициската станица за …

Од денеска посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид Read More »

Тупанчевски: Работиме на создавање оптимални услови за издржување на казната на лица кои немаат 18 години


Работиме на создавање оптимални услови за лица кои немаат 18 години, а требна да издржуваат казна, тоа да се направи во соодветни услови. Постои објект, кој во моментов се адаптира за таа цел за да биде ставен во функција, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски. -Пред две-три недели бевме во посета, затоа што сакав и …

Тупанчевски: Работиме на создавање оптимални услови за издржување на казната на лица кои немаат 18 години Read More »

При приведување во Шипковица нападнати полицајци


Тетовски полицајци вчера во Шипковица пукале во воздух откако биле нападнати од две лица од село Гајре, кои требало да бидат приведени за инциденти пријавени пред неколку дена. При акцијата слобода се лишени А.М. (40) и Л.М. (39) од тетовско Гајре, кои на 11 и 13 овој месец биле пријавени од две лица од Гајре …

При приведување во Шипковица нападнати полицајци Read More »

Еврокомисијата покрена прекршочна постапка против Велика Британија


Европската комисија денеска покрена постапка против Велика Британија поради кршење на меѓународното право, односно непочитување важни делови од Протоколот за Ирска/Северна Ирска. Брисел забележува дека и покрај постојаните повици, британската Влада не успеала да го спроведе договорениот Протокол. „Ова е јасно кршење на меѓународното право. Целта на оваа постапка е да се воспостави усогласеност со …

Еврокомисијата покрена прекршочна постапка против Велика Британија Read More »