(Фото) Македонец со автомобил падна во река во БиХ


Македонецот З.Љ. (48) утрово со неговото „ауди К7“ падна во реката Босна во Добој, Босна и херцеговина, а за среќа не е повреден.

Мажот паднал со автомобилот во реката, по што се качил на покрив и чекал да го спасат полицајците.

„Возилото било управувано од страна на З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето учествуваа полициски службеници од Добој“, соопштија од полицијата, јавува dobojski.info.