Еврокомисијата покрена прекршочна постапка против Велика Британија


Европската комисија денеска покрена постапка против Велика Британија поради кршење на меѓународното право, односно непочитување важни делови од Протоколот за Ирска/Северна Ирска.

Брисел забележува дека и покрај постојаните повици, британската Влада не успеала да го спроведе договорениот Протокол.

„Ова е јасно кршење на меѓународното право. Целта на оваа постапка е да се воспостави усогласеност со Протоколот во голем број клучни области што Велика Британија не ги спроведувала правилно, а во крајна линија со цел заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните на ЕУ“, соопштето е од Европската комисија.

Комисијата денеска презентираше дополнителни детали за можни решенија за олеснување на движењето на стоки меѓу Велика Британија и Северна Ирска и ја повика Владата во Лондон сериозно и конструктивно да се позанимава со предложените решенија.