Тодоровски исклучен, македонската фудбалска репрезентација има 0:0 на полувреме со Бугарија
Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ е домаќин на Бугарија. По првите 45 минути резултатот е 0:0. Голем хендикеп за „црвено-жолтите“ е исклучувањето на Тодор Тодоровски кој доби директен црвен картон во 14. минута по еден остар старт на својата половина. …