Ќе има пари и за исплата на пензии и за плати


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели граѓаните да бидат спокојни, бидејќи, пари ќе има и за исплата на пензии и за плати, посочувајќи притоа дека средства за исплата на пензии, плати и надоместоци за социјална и детска заштита се предвидени во Буџетот.  -Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6.8 отсто и …

Ќе има пари и за исплата на пензии и за плати Read More »

Челниците на сепаратистите признаваат дека Украина е во противнапад: „Русите се прегрупираат“


  Повеќе челници на проруските сепаратисти од окупираните делови на Украина наведуваат дека руските сили се обидуваат да ги сопрат украинските противнапади. Владимир Рогов, еден од челниците на сепаратистите во окупираниот регион Запорожје, за руската режимска агенција РИА вели дека „ситуацијата на бојното поле е напната“, додавајќи дека „украинскиот противнапад продолжува“. Челникот на Херсон призна …

Челниците на сепаратистите признаваат дека Украина е во противнапад: „Русите се прегрупираат“ Read More »

Првиот снег во Скопје може брзо да дојде


Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на …

Првиот снег во Скопје може брзо да дојде Read More »

Управник на експозитура на „Пошта“ уништил архивски материјал


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Л.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал”. Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија”, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал …

Управник на експозитура на „Пошта“ уништил архивски материјал Read More »

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека


Во периодот од 19 до 30 септември годинава Црвениот крст и компанијата „Алкалоид“ спроведоа акција за донирање облека, со цел помош на социјално загрозените семејства. Во десетина кутии за донирање, кои беа поставени на неколку собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“, беа собрани околу 1.900 килограми облека. -Собраната донирана облека е соодветно селектирана од волонтерите на Црвениот крст и ќе се проследи до крајните корисници. Ова …

„Заедно можеме повеќе“, акција за донирање облека Read More »

Почна исплатата за социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември 2022 година. -Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно …

Почна исплатата за социјална и детска заштита Read More »

Комерцијална банка го продолжи периодот за уплата на дневен промет на банкомат, без надомест


  Уплатата на дневен промет нека биде брза и бесплатна затоа што тоа ви го овозможува вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка. Банката го продолжи промотивниот период до 31.12.2022 година во кој можете бесплатно да извршите уплата на дневен промет. Доколку вашиот микро или мал бизнис е особено динамичен, имате …

Комерцијална банка го продолжи периодот за уплата на дневен промет на банкомат, без надомест Read More »

Седница на владиниот Економски совет


Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар. Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат …

Седница на владиниот Економски совет Read More »

Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија


 Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги потпиша законите со кои четирите украински региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје се приклучуваат на Русија.   Како што пренесуваат странските агенции, овој потег на претседателот на Русија ја финализира анексијата извршена спротивно на меѓународното право.   На почетокот на неделава двата дома на рускиот Парламент ги ратификуваа договорите …

Путин ги потпиша законите за приклучување на четирите украински региони кон Русија Read More »

Татко ја задaвил двегодишната ќерка во Вршац, па се самоубил


Незапамтена трагедија се случила во Вршац, Србија кога таткото, триесет и петгодишниот Марко.Б. во вторникот попладне, ја удавил својата двегодишна ќерка, а потоа се обесил, објавија српските медиуми. Трагедијата се случила околу 14 часот и 20 минути во стан на улицата Војнички трг во Вршац. Истрагата е во тек, а мотивот се уште не е …

Татко ја задaвил двегодишната ќерка во Вршац, па се самоубил Read More »

Ковачевски ќе претседава со Советот за унапредување на образованието и науката


Министерството за образование и наука согласно направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и наука, ученички и студентски стандард, и обезбедување на учебници во Република Северна Македонија, а во насока на градење на јавни и транспрентни политики во образованието, со поддрша од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на …

Ковачевски ќе претседава со Советот за унапредување на образованието и науката Read More »

Тројца повредени во сообраќајка кај Муртино


Три лица се повредени во сообраќајка која се случила денеска околу 13:30 часот на излезот од селото Муртино кон Банско, откако од засега непознати причини автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки удрил во бетонски електричен столб. Повредните се пренесени на лекување во струмичката болница, а од СВР Струмица повеќе детали за сообраќајката најавуваат за утре.

(Видео) Изјава на Ковачевски по средбата со Мицкоски


 Во Владата заврши двочасовната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа. На средбата, присуствуваа и економски тимови на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ. За резултатите од разговорите Ковачевски ќе даде изјава за медиумите.

Во ДУИ „нема оган, нема пламен“, но ќе се избира ново претседателство


По речиси шест часа во седиштето на ДУИ во Мала Речица заврши средбата на претседателот на партијата Али Ахмети со т.н. огнена група која баре партиски реформи. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а за десетина дена ќе има Централно собрание на кое ќе се избере ново претседателството. …

Во ДУИ „нема оган, нема пламен“, но ќе се избира ново претседателство Read More »

Приватните превозници во јавниот сообраќај во Скопје немаат пари за гориво


Градот, односно Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на приватните превозници им должи околу 68 милиони денари што треба да им се исплаќаат неделно и месечно, со што се доведува во прашање јавниот градски превоз во Скопје во делот кој го покриваат тие. Директорот на приватното претпријатие за јавен превоз „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека долгот …

Приватните превозници во јавниот сообраќај во Скопје немаат пари за гориво Read More »

Трговското здружение од Солун предлага продавниците да затвораат порано за заштеда на енергија


Трговското здружение од Солун им предлага на продавниците во градот поради енергетската криза и за заштеда на енергијата, од следниот понеделник да затвораат порано, односно во 19 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретно, предлогот е продавниците во вторник, четврток и петок да работат од 10 до 19 часот, а во понеделник, среда и …

Трговското здружение од Солун предлага продавниците да затвораат порано за заштеда на енергија Read More »

Белгија очекува нова рекордна стапка на инфлација овој месец


Канцеларијата за статистика на Белгија предвидува дека инфлација во октомври ќе биде повисока од стапката во септември, што достигна рекордна стапка во изминатите 50 години, јави дописничката на МИА од Брисел. Во септември инфлацијата во Белгија достигна 11,27 отсто, највисока стапка во изминатите 50 години. Додека за октомври се прогнозира дека ќе се искачи до 11,85 отсто. Се очекува надминување на …

Белгија очекува нова рекордна стапка на инфлација овој месец Read More »

Претседателот Бегај почна консултации со партиите за датумот на локалните избори


Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги почна консултациите со политичките партии околу одредувањето датум на одржување на редовните локални избори идната година.   Прв кај шефот на државата беше лидерот на владејачките социјалисти и актуелен премиер Еди Рама.   Кабинетот на Бегај внимаваше да го почитува протоколот на одлуката нон грата и на средба кај него …

Претседателот Бегај почна консултации со партиите за датумот на локалните избори Read More »

(Видео) Заврши средбата Ковачевски – Мицкоски


 Во Владата заврши двочасовната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа. На средбата, присуствуваа и економски тимови на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ. За резултатите од разговорите се очекува Ковачевски и Мицкоски да дадат изјави за медиумите. …

(Видео) Заврши средбата Ковачевски – Мицкоски Read More »

(Фото) Во Владата почна средбата Ковачевски – Мицкоски


Во Владата попладнево почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која треба да се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа. Мицкоски на доаѓање во Владата пред средбата изјави дека како партијата се подготвени да понудат решенија за тешката состојба во енегретиката и кризата …

(Фото) Во Владата почна средбата Ковачевски – Мицкоски Read More »