Татко ја задaвил двегодишната ќерка во Вршац, па се самоубил


Незапамтена трагедија се случила во Вршац, Србија кога таткото, триесет и петгодишниот Марко.Б. во вторникот попладне, ја удавил својата двегодишна ќерка, а потоа се обесил, објавија српските медиуми.

Трагедијата се случила околу 14 часот и 20 минути во стан на улицата Војнички трг во Вршац. Истрагата е во тек, а мотивот се уште не е познат. Се дознава дека се работи за нарушени семејните односи.

Според првите резултати од истрагата, таткото го удавил девојчето во кофа со вода, а потоа се обесил.

Таткото и мајката на убиеното дете биле во процес на развод, а Центарот за социјална работа и покрај противењето на мајката наредил таткото да го види детето. Мајката во полиција пријавила дека сопругот и испратил порака во која најавил дека ќе се убие себеси и детето.