На Крим прогласено високо ниво на закана од тероризам


Во општините на Крим во близина на Кримскиот мост е прогласено високо ниво на опасност од терористички акции, соопшти лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов. – Со цел да се обезбеди безбедност и антитерористичка заштита на Република Крим и нејзиниот народ, ќе биде во сила жолто (високо) ниво против терористички закани, рече Аксјонов. Тој додаде дека агенциите за …

На Крим прогласено високо ниво на закана од тероризам Read More »

Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа


Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа. Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк. „Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат …

Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа Read More »

Речиси 500 китови угинаа во масовно насукување близу Нов Зеланд


  Властите на Нов Зеланд денеска потврдија дека 477 китови загинале во две неодамнешни насукувања во, како што ја нарекоа – една од најголемите вакви несреќи во земјата. Насукувањето се случило на пооддалечената група Острови Чатам, на околу 840 километри од источниот брег на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Во саботата 232 животни се насукале …

Речиси 500 китови угинаа во масовно насукување близу Нов Зеланд Read More »

Во Битола предавање за насоки и инструкции за шахот како изборен предмет


Oд септември во основните училишта шахот е на листата изборни предмети за прво и второ одделение, а деновиве во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола се одржа и предавање на кое беа посочени насоки и инструкции за шахот како изборен предмет за наставниците од основните училишта од Битола насловено „Шах во школи“. Предавањето го …

Во Битола предавање за насоки и инструкции за шахот како изборен предмет Read More »

Премиера на документарниот оскаровец „Summer of Soul“ во предвечерието на 41. Скопски џез фестивал


Во рамки на фестивалската „програма-плус“ на 41. Скопски џез фестивал, вечер во Кино Фросина, со почеток во 20 часот, ќе биде премиерно прикажан музичкиот документарец „Summer of Soul (…Or, When the Revolution Could Not Be Televised)“. Станува збор за филмско деби остварување на познатиот американски хип-хоп артист Амир „Квестлав“ Томпсон, кој претставува дел музички филм, …

Премиера на документарниот оскаровец „Summer of Soul“ во предвечерието на 41. Скопски џез фестивал Read More »

Млади Руси со јахта побегнале во Јужна Кореја, одбиен им е влезот


Повеќе од 20 Руси впловиле со јахти во Јужна Кореја, во очаен обид да избегнат мобилизација во Русија, но на повеќето им е одбиен влезот, јавија повеќе медиуми. Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21 септември, дојде до егзодус на мажите на возраст за служење воен рок од Русија, иако повеќето бегаа …

Млади Руси со јахта побегнале во Јужна Кореја, одбиен им е влезот Read More »

Најдобрите и најлошите особини на луѓето родени во знакот на Вага


Вагата е знак познат по убавината, шармот и привлечноста. Иако има доста квалитети, не може да се занемарат ни слабите страни на кои овие луѓе би требало да обрнат внимание. Во продолжение, дознајте ги најдобрите и најлошите одлики родени на луѓето родени во знакот на Вага. Најдобри особини: Правични се и не трпат неправда Секогаш …

Најдобрите и најлошите особини на луѓето родени во знакот на Вага Read More »

Извештај на ЕК: Северна Македонија е умерено подготвена, потребна ефективна имплементација на законите


Умерена подготвеност на земјавава е генералната оценка на Европската комисија која утре треба да го објави Нацрт-извештајот за Република Северна Македонија. Радио Слободна Европа денеска објави дека имале увид во извештајот во кој се наведува дека е потребна ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи. Единствено во економските критериуми е …

Извештај на ЕК: Северна Македонија е умерено подготвена, потребна ефективна имплементација на законите Read More »

Орбан: Меркел можеше да ја запре војната во Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изрази пофални зборови за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, изјавувајќи дека таа, доколку сѐ уште беше канцеларка, ќе можеше да ја спречи руската војна во Украина, пренесе dpa. На настан во Берлин, Орбан кажа дека Меркел, со нејзините постапки, во 2014 година спречила војна по руската анексија на Крим. -Тоа …

Орбан: Меркел можеше да ја запре војната во Украина Read More »

Македонец почина откако му се слошило по нуркање на хрватскиот остров Вис


Македонски државјанин починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај малиот хрватски остров во Јадранското море јави Индекс. Веднаш била испратена брза помош да интервенира, но нуркачот веќе починал. Трагедијата се случила денес околу 11 часот во близина на островчето Равник, на 500 метри од заливот Рукавац на Вис. Областа Бриони кај …

Македонец почина откако му се слошило по нуркање на хрватскиот остров Вис Read More »

Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан во мај идната година


 Новиот британски крал Чарлс Трети ќе биде крунисан на 6 мај следната 2023 година во Вестминстерската опатија во Лондон, а ќе биде придружуван од кралицата Камила, соопшти денеска Бакингемската палата. Со церемонијата ќе чиноначалствува архиепископот од Кентербери Џастин Велби, духовен поглавар на Англиканската црква. „Крунисувањето ќе ја одразува моменталната улога на монархот и ќе биде …

Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан во мај идната година Read More »

Мбапе во јануари заминува од ПСЖ


Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе најави дека ќе ги напушти редовите на актуелниот француски првак на почетокот ма идната година, објави денеска шпанскиот спортски весник „Марка“. „Врската меѓу Мбапе и ПСЖ е целосно прекината. Мбапе побара веќе во јануари да замине од Париз“, тврди „Марка‘. Дел од шпанските и француските медиуми наведуваат дека ПСЖ му дозволил да замине на …

Мбапе во јануари заминува од ПСЖ Read More »

Смит: НАТО не ја менува позицијата, не е дел од конфликтот со Русија


Постојаната претставничка на САД во НАТО попладнево ги брифираше новинарите за претстојниот министерски состанок за одбрана кој ќе се одржи утре и задутре во седиштето на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Американската амбасадорка при НАТО, Џулиен Смит, порача дека клучен дел од разговорите на министрите за одбрана на 30-те земји сојузнички на НАТО …

Смит: НАТО не ја менува позицијата, не е дел од конфликтот со Русија Read More »

Лидерите од Г-7: Ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно


 Г-7 по разговорите за Украина со претседателот Володимир Зеленски изјавија дека ќе го сметаат рускиот лидер Владимир Путин одговорен за неодамнешните воздушни напади врз градовите, вклучително и Киев. „Најостро ги осудуваме овие напади и потсетуваме дека неселективните напади врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство“, се вели во соопштението на Г-7. „Ќе бараме одговорност од …

Лидерите од Г-7: Ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно Read More »

Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена кон претстојната зелена транзиција


Нашата држава заедно со другите држави од Западен Балкан  се наоѓа на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена во врска со претстојната зелена транзиција,  а државите стануваат посвесни за неопходноста и придобивките од транзицијата кон чиста енергија. Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на панелот на Европската …

Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена кон претстојната зелена транзиција Read More »

Над пет милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на пандемијата


За 24 отсто се зголемил бројот на починати од Ковид-19 во Грција во изминатата седмица, а бројот на заразени се намалил за седум проценти, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), додека пак во земјата, од почетокот на пандемијата, потврдени се над пет милиони случаи на коронавирусот, јави дописничката на МИА од …

Над пет милиони потврдени случаи на Ковид-19 во Грција од почетокот на пандемијата Read More »

На Путин му снемува пари за неговата војна, претстои „невидено лоша ситуација“


Рускиот претседател Владимир Путин ја стави економијата во „невидено лоша ситуација“: тоа е заклучокот на познатиот руски економист Сергеј Гуриев, поранешен главен економист на Источноевропската банка за развој ЕБВР.„И покрај високите цени на нафтата, земјата е во рецесија “, вели тој за германски Ханделсблат. Војната и западните санкции ја втурнаа Русија во длабока криза, објаснува …

На Путин му снемува пари за неговата војна, претстои „невидено лоша ситуација“ Read More »

Не треба да се дозволи САД да продаваат четири пати поскап гас отколку кај нив


 Не треба да им се дозволи на САД да доминираат на глобалниот енергетски пазар додека ЕУ ги трпи последиците од конфликтот во Украина, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. „Конфликтот во Украина не смее да заврши со американска економска доминација и слабеење на ЕУ“, нагласи тој во францускиот Парламент. Ле Мер оцени дека …

Не треба да се дозволи САД да продаваат четири пати поскап гас отколку кај нив Read More »

ММФ: Централните банки „мора да дејствуваат решително“ за да ја намалат инфлацијата


Централните банки треба „одлучно да дејствуваат за да се справат со инфлацијата“ откако бројките достигнаа највисоки нивоа во последните неколку децении, објави ММФ денеска. Коментарите на кризниот заемодавач во неговиот најнов Извештај за глобална финансиска стабилност доаѓаат откако неговите годишни состаноци започнуваат оваа недела, со физичко присуство за првпат од 2019 година. Состаноците се отвораат …

ММФ: Централните банки „мора да дејствуваат решително“ за да ја намалат инфлацијата Read More »

НАТО состанок за одбрана утре, ќе се разговара за полнење на залихите на оружје


Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО од утре се состануваат во Брисел да разговараат за ескалацијата на војната во Украина и потребата да се наполнат залихите на оружје на сојузниците, јави дописничката на МИА од Брисел. Утре и задутре во седиштето на НАТО ќе се одржи првиот министерски состанок по руската анексија на …

НАТО состанок за одбрана утре, ќе се разговара за полнење на залихите на оружје Read More »