Откриено е истекување во нафтоводот што ја пренесува руската нафта во Европа


Полскиот оператор на нафтоводот Перн синоќа открил истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа.

Перн соопшти дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевка на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.

„Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално“, информира Перн.

„Во моментов сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби“, нагласи компанијата.