Отворен нов дијагностички центар со магнетна резонанца во ГОБ „8 Септември“


Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска е отворен новиот дијагностички центар опремен со апарати за магнетна резонанца. Апаратите се набавени во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со Aмбасадата на Република Италија. На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким …

Отворен нов дијагностички центар со магнетна резонанца во ГОБ „8 Септември“ Read More »

Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија


На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску. На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за …

Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија Read More »

Три деца и еден 18-годишник нападнале возач на ЈСП


Нападнат возач на ЈСП Скопје, стои во полицискиот билтен на МВР. Четири лица, според информациите на полицијата, го нападнале возачот на автобуска станица на подрачјето на Чаир, во автобус со број 47 А. Од четворицата напаѓачи тројца се деца, а четвртиот има само 18 години, а е со иницијали О. М., сите од селото Љуботен, …

Три деца и еден 18-годишник нападнале возач на ЈСП Read More »

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција


 Бродот за сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, тргна. Ги поставува каблите со подводните слушалки, од кои добива информации за брановите за да може да ги одреди геолошките структури, откри министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на …

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција Read More »

Француските железничари денеска излегуваат на штрајк за поголеми плати


Во Париз денеска речиси и ќе нема сообраќај во метрото поради штрајк на синдикатот на железничарите, со мали прекини на работата во другите дејности. Во француската престолнина во функција ќе бидат само две автоматизирани метро линии, односно линии на метрото без возач. Ситуацијата нема да биде подобра ни во мрежата на приградски возови. Што се …

Француските железничари денеска излегуваат на штрајк за поголеми плати Read More »

Вистинските херои на Европското ракометно првенство за жени


  На големите спортски натпреварувања, секогаш во заднина има огромна „војска“ поединци кои помагаат настанот да тече совршено. Не е исклучок и Европското ракометно првенство за жени каде еден од домаќините е и Македонија, покрај Словенија и Црна Гора. За сѐ да тече совршено, да се сместат навивачите, медиумите непречено да известуваат, подот да биде …

Вистинските херои на Европското ракометно првенство за жени Read More »

Дујовски: Целта на дојавите за бомби во училиштата е да се создаде страв и паника меѓу населението


 Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски денеска изјави дека целта на лажните дојави за бомби во средните училишта е да се создаде страв и паника меѓу населението и оти не случајно се избираат училиштата. Ова, вели тој, е токму „како по книга“ како се прави хибридна закана. – Овој тренд почна пред …

Дујовски: Целта на дојавите за бомби во училиштата е да се создаде страв и паника меѓу населението Read More »

Нова гинеколошка акушерска ординација во Поликлиника Шуто Оризари


Во Поликлиниката Шуто Оризари денеска ќе биде отворена новата гинеколошка акушерска ординација ПЗУ МАЈКА Б&M, со што треба да биде надминат проблемот со пристапот до гинеколошки услуги во општината. Граѓанското движење АВАЈА информира дека успеале да изнајдат решение и донација за гинеколошката амбуланта за ангажирање на медицинска сестра во првите шест месеци за пружање на медицински услуги …

Нова гинеколошка акушерска ординација во Поликлиника Шуто Оризари Read More »

Ураганот Никол за неколку часа ќе пристигне до источниот брег на Флорида


Ураганот Никол се очекува во следните неколку часа да пристигне до источниот брег на Флорида, проследен со силни ветришта и опасни удари на невремето, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC), пренесуваат британските медиуми. Американските медиуми пренесуваат дека властите на Флорида вчера им наредиле на жителите во најмалку три окрузи да се евакуираат од …

Ураганот Никол за неколку часа ќе пристигне до источниот брег на Флорида Read More »

„Ауди“ го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС


„Ауди“ Q8 E-Tron е новото име за подобрениот E-Tron, а променетото име им овозможува на купувачите да разберат дека се работи за flagship електричен SUV од германскиот бренд. Новиот модел доаѓа во стандардна „кутиеста“ каросерија и како „заоблен“ Sportback. Q8 E-Tron го одликува подобрениот дизајн кој вклучува нов „нос“, предната решетка сега има самозатворувачки систем, …

„Ауди“ го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС Read More »

Корисниците масовно го напуштаат Твитер


  Голем број корисници на Твитер не се задоволни како Елон Маск управува со платформата, ни со промените кои милијардерот ги внесува во сервисот, па се во потрага по алтернативни платформи. Радикалните потези на Маск, по преземањето на Твитер (отпуштање голем број вработени, воведување задолжителни претплати за верификација на налозите, најава за враќање на блокирани …

Корисниците масовно го напуштаат Твитер Read More »

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови


Талибанските власти им наредија на сопствениците на сите забавни паркови во Авганистан да не им дозволат на жените да влегуваат, што е уште една забрана со која соочуваат Авганистанките. Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал, позната како Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороците, ја потврди веста за ДПА, но одби …

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови Read More »

Ковачевски од Струмица: Никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата


Ветивме дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Мерките што ги носиме, политиките кои ги спроведуваме, грижата за стопанството и граѓаните се со цел да обезбедиме подобар квалитет на живот, сигурност, економски раст, просперитет и развој, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска присуствуваше на отпочнување на …

Ковачевски од Струмица: Никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата Read More »

Се чисти Дабничкиот канал низ Прилеп


Повеќе од Над 600 м3 отпад извадени од Дабничкиот канал во Прилеп ќе бидат транспортирани до депонијата кај Алинци, пишува градоначалникот Борче Јовчески на ФБ. – Заедно со ЈКП „Комуналец“ будно ја следиме ситуацијата за чистотата во градот и континуирано спроведуваме вакви акции. Сакам да упатам апел до сите наши сограѓани за поголема свест и …

Се чисти Дабничкиот канал низ Прилеп Read More »

Шпанија и Португалија сакаат организација на СП2030 заедно со Украина


Шпанија и Португалија, кои заеднички сакаат да бидат домаќини на фудбалскиот Мундијал 2030, ја приклучија кон својата кандидатура и со војна погодената Украина, објави денеска првиот човек на португалскиот фудбал Фернандо Гомеш. – Нашата кандидатура има сè што е потребно: инфраструктура, искуство и одличен човечки капитал. Од таа гледна точка, нудиме најдобра кандидатура. Сега имаме дополнителна работа поврзана со вклучувањето на …

Шпанија и Португалија сакаат организација на СП2030 заедно со Украина Read More »

Изречени 24 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици


МВР денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.   При контролата констатирани се 24 сообраќајни прекршоци. Од нив три санкции за некористење сигурносен појас, една мерка за возење …

Изречени 24 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици Read More »

МВР: Лажни се пријавите за бомби во девет училишта


Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно …

МВР: Лажни се пријавите за бомби во девет училишта Read More »

Цената на лебот падна на 32 денари, владините мерки со ефект


По маркетите веќе може да се забележат ефектите од мерките на Владата, лебот е со намалени цени, а денес можеше да се купи леб за 32 денари. Мерката со која Владата им помага на компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти да плаќаат стабилна и пониска цена на електрична енергија на крајот носи придобивки за сите …

Цената на лебот падна на 32 денари, владините мерки со ефект Read More »

ЛДП: Наместо да измислува нови, Град Скопје да почне да се занимава со реалните проблеми на граѓаните


Либерално-демократската партија најостро ги осудува вчерашните случувања на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје и апелира до надлежните конечно да започнат да се занимаваат со решавање реалните проблеми на граѓаните, а не да измислуваат нови. Вчерашната седница и односот на поединци кон институцијата Совет на Град Скопје, особено од страна на градоначалничката …

ЛДП: Наместо да измислува нови, Град Скопје да почне да се занимава со реалните проблеми на граѓаните Read More »

Во Вевчани отворена канцеларија за одржливо управување на заштитеното подрачје Вевчански извори


Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест денеска во Вевчани отвори канцеларија во рамките на проектот „Поддршка на одржливо управување на заштитеното подрачје Вевчански извори“. Целта на тригодишниот проект е да се обезбеди поддршка за одржливо управување со заштитеното подрачје Споменикот на природата „Вевчански извори“, а ќе се реализира со поддршка на PONT …

Во Вевчани отворена канцеларија за одржливо управување на заштитеното подрачје Вевчански извори Read More »