Нова гинеколошка акушерска ординација во Поликлиника Шуто Оризари


Во Поликлиниката Шуто Оризари денеска ќе биде отворена новата гинеколошка акушерска ординација ПЗУ МАЈКА Б&M, со што треба да биде надминат проблемот со пристапот до гинеколошки услуги во општината.

Граѓанското движење АВАЈА информира дека успеале да изнајдат решение и донација за гинеколошката амбуланта за ангажирање на медицинска сестра во првите шест месеци за пружање на медицински услуги на повеќе од 10.000 жени Ромки од Шуто Оризари. По истекот на шесте месеци медицинската сестра ќе биде ангажирана од страна на самата гинеколошка акушерска ординација.

На отворањето на ординацијата се очекува да присуствува и министерот за здравство Беким Сали.