Вистинските херои на Европското ракометно првенство за жени


 

На големите спортски натпреварувања, секогаш во заднина има огромна „војска“ поединци кои помагаат настанот да тече совршено.

Не е исклучок и Европското ракометно првенство за жени каде еден од домаќините е и Македонија, покрај Словенија и Црна Гора.

За сѐ да тече совршено, да се сместат навивачите, медиумите непречено да известуваат, подот да биде чист, столчињата наместени се грижат 70 волонтери, ученици во основно и средно училиште.

На официјалната страница на ракометната федерација им оддаваат почит на овие млади деца кои одблиску имаат можност да видат и да помогнат да се организира превеството.

„За целите на успешна организација на WOMEN’S EHF EURO 2022, ангажирани се околу 70 млади волонтери. Повеќето се ученици во основно и средно кои после училишните обврски се посветуваат на активностите во арената „Борис Трајковски”.


Задолжени се за оперативните и логистичките сегменти од првенството: сценски протоколи пред натпревар, упатена публика на место, асистенција при медиа активности, чист под, наредени столчиња и слично“, стои на страницата на РФМ.

Наскоро најавуваат повеќе детали за овие ракометни херои.