Ураганот Никол за неколку часа ќе пристигне до источниот брег на Флорида


Ураганот Никол се очекува во следните неколку часа да пристигне до источниот брег на Флорида, проследен со силни ветришта и опасни удари на невремето, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC), пренесуваат британските медиуми.

Американските медиуми пренесуваат дека властите на Флорида вчера им наредиле на жителите во најмалку три окрузи да се евакуираат од најоддалечените острови и ниски области, како и од мобилните куќарки.

Десетици лица вчера беа евакуирани од чувствителни локации на северозападните Бахами додека ураганот Никол се приближуваше до островот.

Официјални лица на Бахамите соопштија дека само неколку лица се пријавиле во повеќе од дваесетина активни засолништа, а поплави и прекини на електрична енергија биле пријавени во местото Абаку.