Навални новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија


 Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија речиси две години, изјави дека новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија, што е уште еден пример за заострување на неговите услови за притвор. Во порака испратена до неговите адвокати и објавена денеска на социјалните мрежи, Навални рече дека управата на затворот, на околу …

Навални новогодишната ноќ ја поминал во дисциплинска ќелија Read More »

Меѓу 50 рекордери со највисоки плати во јавниот сектор – 48 се лекари


  Највисоки плати во јавниот сектор во Словенија имаат здравствените работници. За тоа сведочи податокот дека во последните неколку месеци меѓу 50 рекордери според платата, од нив 48 се лекари, пренесе словенечкиот портал 24UR. Платите на лекарите кои се најдоа на листата почнуваат од 10.815 евра бруто, а највисоката плата ја примил лекар од Клиничкиот …

Меѓу 50 рекордери со највисоки плати во јавниот сектор – 48 се лекари Read More »

Бајден одобри прогласување вонредна состојба во Калифорнија


Американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри прогласувањето на вонредна состојба во Калифорнија по невремето во кое загинаа најмалку 12 лица во изминатите 10 дена, а стотици илјади домови и бизниси оставија без струја. Декларацијата за вонредна состојба ја овластува Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да ги координира напорите за помош при катастрофи …

Бајден одобри прогласување вонредна состојба во Калифорнија Read More »

Русија: Патнички авион слета надвор од пистата, има жртви


Две лица загинаа денеска откако патнички авион слета надвор од пистата во автономниот округ Ненец во северна Русија, соопшти руското министерство за вонредни ситуации. Во текот на ноќта, авионот слетал на леден терен на околу 10 километри од селото Каратајка, јавува руската новинска агенција РИА. Во авионот имало двајца членови на екипажот и 10 патници.

За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди


За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства. – Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Во …

За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди Read More »

Супервештачењето за „Тендери“ сè уште не е завршено, судењето презакажано за 16 февруари


Главната расправа за предметот „Тендери“ насрочена за утре се презакажува за 16 февруари, бидејќи предметот со сите списи сè уште не се вратени од надлежното Биро за судски вештачења, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. – Имено, заради претходно изведени два спротивставени вешти наоди, а заради доследно почитување на одредбите од ЗКП, Судот на …

Супервештачењето за „Тендери“ сè уште не е завршено, судењето презакажано за 16 февруари Read More »

Земјотрес во Албанија


Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер забележан е утрово во Албанија. Според наводите на Европско-медитерански сеизмолошки сентар, епицентарот на земјотресот бил кај Валона. До земјотресот дошло на длабочина од 12 км, пренесе Албанија дејли њуз. Други детали не се објавена. During the night, M4.1 #earthquake at the Adriatitic coast, near Vlora, Albaniahttps://t.co/OUeB4f3kIcThis town …

Земјотрес во Албанија Read More »

(Видео) Шутаров: Итни мерки за заштита од загадувањето, сите советници да ги поддржат


Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, денеска ја поднесе иницијативата за одржување вонредна седница на Советот за загадувањето на воздухот во главниот град. Оваа инцијатива, според Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје, со советнички потписи, е поддржана и од советниците од политичките партии ЛДП и ДОМ. „Ги повикуваме сите советници, …

(Видео) Шутаров: Итни мерки за заштита од загадувањето, сите советници да ги поддржат Read More »

Конечно дознавме зошто древниот римски бетон е толку издржлив


Старите Римјани биле мајстори на градежништво и инженерство, познати по своите долготрајни аквадукти. Уште се функционални тие чуда кои се потпираат на основни градежни материјали: пуцолански бетон, спектакуларно издржлив бетон кој во римските структури давал неверојатна издржливост. Дури и денес, по 2.000 години, римскиот пантон стои недопрен и држи рекорд за најголема светска купола од …

Конечно дознавме зошто древниот римски бетон е толку издржлив Read More »

Лошото расположение на таткото влијае на интелектуалниот развој на детето


Таткото кој не е расположен, кој постојано е мрзeлив и не може да ги контролира емоциите, лошо влијае на психолошката состојба на детето, вели науката. Државниот универзитет во Мичиген спроведе ново истражување на оваа тема, а нивните резултати не само што ја нагласуваат важноста на улогата на таткото во животот на детето, туку докажаа и …

Лошото расположение на таткото влијае на интелектуалниот развој на детето Read More »

Електрични градски автобуси во Струмица


На крајот на оваа година или на почетокот на наредната се очекува по струмичките улици да сообраќаат првите електрични автобуси. Со нив ќе стопанисува ЈП „Струмица гас“ за да се избегне отворање на ново локално јавно претпријатие. Постапката за воведување електричен јавен превоз, Општина Струмица ќе ја започне годинава. Општинските власти веќе го изработуваат проект …

Електрични градски автобуси во Струмица Read More »

Без вода дел од Капиштец


Прекин во водоснабдувањето денеска од 11:30 часот имаат дел од корисниците од улицата „Козара” во скопската населба Капиштец. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како што информира ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради санирање дефект ф-80 милиметри на улицата „Козара” број 18. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на …

Без вода дел од Капиштец Read More »

Нормализирана пловидбата низ Суецкиот канал


Поморскиот сообраќај во Суецкиот Канал денеска се нормализира откако реморкери го одвлекоа товарниот брод кој се расипа при транзит од Средоземното Море до Црвеното Море. Се веруваше дека дефектот ќе предизвика само мали доцнења и дека конвоите на бродови ќе продолжат да работат редовно до 11 часот по локално време, но на крајот четири реморкери …

Нормализирана пловидбата низ Суецкиот канал Read More »

Велика Британија најави забрана за пластичниот прибор за јадење


 Употребата на пластични прибори за јадење за еднократна употреба ќе биде забранета во Велика Британија, за да се намали загадувањето на животната средина, објави „Гардијан“. Британската министерка за животна средина, Тереза ​​Кофи најави забрана за употреба на предмети за еднократна употреба врз основа на извештаите од минатиот месец. Се вели дека овој потег ќе уследи по …

Велика Британија најави забрана за пластичниот прибор за јадење Read More »

Бесплатен оброк за основците во Хрватска


Половина милион основци и средношколци во Хрватска од денеска се враќаат во училишните клупи, со тоа што учениците во основните училишта во второто полугодие ќе добиваат бесплатен оброк за време на големиот одмор. За тоа од буџетот на државата ќе бидат издвоени 73 милиони евра. Но, мерката им создаде проблем на некои училишта бидејќи два …

Бесплатен оброк за основците во Хрватска Read More »

Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан


 Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на …

Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан Read More »

Околу 40 отсто од компаните во Германија очекуваат пад на деловната активност оваа година


Четири од десет германски компании очекуваат нивниот бизнис да се намали во 2023 година, наведувајќи ги како причина за тоа високите трошоци за енергија, проблемите со синџирите на снабдување и тековната војна во Украина. „Ризикот од недостиг на гас во зимската сезона 2022/23 повеќе не е толку акутен како во летото 2022 година, а цените …

Околу 40 отсто од компаните во Германија очекуваат пад на деловната активност оваа година Read More »

Анонимуси пратија нова порака до Вучиќ: „Каде си Путинова кукло?“


Хакерската група Анонимуси пратија нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ. Анонимуси ја известија јавноста дека мнгоу се ангажирани и дека собрале меил адреси на стотици функционеи од различни министерства. Својата порака ја завршија со прашање до Вучиќ: „Еј, Путинова кукло, каде си? Уште со кучињата?!“, пишува Нова.рс Анонимуси веќе кон крајот на декември една …

Анонимуси пратија нова порака до Вучиќ: „Каде си Путинова кукло?“ Read More »

Двајца хоспитализирани во жестоки судири меѓу навивачи на Наполи и Рома


Две лица се хоспитализирани при жестока пресметка меѓу поголема група навивачи на италијанските фудбалски прволигаши Рома и Наполи во неделата на автопатот А1, јавија локалните медиуми.  Според истите извори, хоспитализираните се навивачи на Рома, од кои едниот бил ранет со нож.  Пресметката се случила на истата бензинска станица на виталниот автопат А1 каде полицијата во 2017 …

Двајца хоспитализирани во жестоки судири меѓу навивачи на Наполи и Рома Read More »

Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор


Полициски службеници во Гевгелија ноќеска го привеле М.С.(27), по кого била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија. М.С. бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната, соопшти МВР.