Русија: Патнички авион слета надвор од пистата, има жртви


Две лица загинаа денеска откако патнички авион слета надвор од пистата во автономниот округ Ненец во северна Русија, соопшти руското министерство за вонредни ситуации.

Во текот на ноќта, авионот слетал на леден терен на околу 10 километри од селото Каратајка, јавува руската новинска агенција РИА.

Во авионот имало двајца членови на екипажот и 10 патници.