Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор


Полициски службеници во Гевгелија ноќеска го привеле М.С.(27), по кого била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија.

М.С. бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“.

Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната, соопшти МВР.