Меѓу 50 рекордери со највисоки плати во јавниот сектор – 48 се лекари


 

Највисоки плати во јавниот сектор во Словенија имаат здравствените работници.

За тоа сведочи податокот дека во последните неколку месеци меѓу 50 рекордери според платата, од нив 48 се лекари, пренесе словенечкиот портал 24UR.

Платите на лекарите кои се најдоа на листата почнуваат од 10.815 евра бруто, а највисоката плата ја примил лекар од Клиничкиот центар во Љубљана – 15.091 евра.

На оваа листа 15 лекари се вработени во Клиничкиот центар во Љубљана, додкеа двајца во Марибор, а меѓу рекордерите се и многу вработени во Домовите за здравје и болниците.

Само две лица кои се најдоа на листата се занимаваат со нешто друго.

Интересно е што на врвот на листата се лекарите вработени во болницата во птуј и Домот на здравје во марибор, кои примаат по 14.852 евра месечно. Послениот лекар на листата е од птујската болница со плата од 10.815 евра.

Како што се наведува, не се работи за плати на специјалисти, туку на лекари, без податоци дали во оваа плата влегуваат и дежурства.

Инаку, за среда најавен е штрајк во Словенија на лекарите и стоматолозите кои бараат повисоки плати и подобри работни услови.