Старицата во Струмица била задавена и задушена


 Осумдесет и три годишната старица М.Б., која пред три дена беше пронајдена мртва во својот дом на улицата „Димитар Цветинов“ била убиена. Првичните информации од ОЈО Струмица по извршената обдукција покажале дека причина за смртта е надоврешна сила, односно таа била задавена или задушена. Од струмичкото Oбвинителство не соопштуваат повеќе детали во интерес на истрагата. …

Старицата во Струмица била задавена и задушена Read More »

Просечната нето-плата за ноември изнесува 33.011 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува …

Просечната нето-плата за ноември изнесува 33.011 денари Read More »

(Видео) Ковачевски и Николовски по посетата на „Метро“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРР Никица Бачовски се во посет на компанијата Метро, лоцирана во индустриската зона Ќојлија. Проследете ги изјавите:

Ер Србија нуди карти по намалени цени за 40 дестинации, меѓу кои и Скопје


  Ер Србија од денеска до 5 февруари нуиди авио-карти по намалени цени за повеќе од 40 дестинации во регионот и во Европа. Најевтините карти кои може да се купат се по цена од 39 евра во еден правец, за патувања од 1 февруари до 1 април. Авио-карти за Бањалука, Барселона, Атина, Тиват, Подгорица, Загреб, …

Ер Србија нуди карти по намалени цени за 40 дестинации, меѓу кои и Скопје Read More »

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија


Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија, како одговор на значителното намалување на бројот на вработени во руската Амбасада во Талин и уништувањето на односите со Москва во целина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „На 23 јануари во руското Министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Естонија, Маргус Лајдре. Беше изразен …

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија Read More »

Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговорите за решение помеѓу Белград и Приштина


 Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека Заедницата на српските општини е суштината на Бриселскиот договор, како и оти Белград ќе инсистира на нејзиниот итно формирање, јави БЕТА. Според него, тоа е предуслов за дискусии за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина. – Она што е видливо …

Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговорите за решение помеѓу Белград и Приштина Read More »

Хавајците се простија од „последната принцеза“


 Жителите на Хаваи се простија од Абигејл Киноики Кекаулике Кавананакоа, позната како „последната принцеза“ на оваа островска сојузна американска држава. Ковчегот со покојната 96-годишна наследничка беше јавно изложен вчера во палатата во центарот на Хонолулу, којашто, инаку, е одржувана од богатството на благородничката. Портпаролот на семејството, Керолин Витерспун ја нарече поворката „исклучително емотивна“, велејќи дека „редот …

Хавајците се простија од „последната принцеза“ Read More »

Анкета: Мнозинството во Белгија се за авторитарно владеење


 Педесет и два отсто белгиски граѓани се изјаснуваат за авторитарно владеење и отфрлање на демократските институции, покажуваат податоците од социолошката студија претставена во локалните медиуми, пренесе БТА. Меѓу ова мнозинство, 89 отсто поддржуваат враќање на смртната казна. Се прецизира дека уделот на оние кои поддржуваат промена на структурата на државата расте од 52 отсто пред …

Анкета: Мнозинството во Белгија се за авторитарно владеење Read More »

Зелен хуман град предлага 15 мерки за намалување на аерозагадувањето


Граѓанска иницијатива „Зелен хуман град” предлага шест мерки кои треба веднаш да се спроведат и девет кои треба да се реализираат во наредните три години со цел намалување на аерозагадувањето во Скопје. Со овие мерки предложени до Советот на Скопје, како што посочуваат од „Зелен хуман град”, се заокружува логична целина и тие водат кон една иста …

Зелен хуман град предлага 15 мерки за намалување на аерозагадувањето Read More »

Убиецот од Калифорнија е 72-годишен Кинез


Полицијата во Калифорнија го пронајде мртов мажот кој вчера изврши масакр во Калифорнија. Станува збор за 72-годишен Кинез Ху Кан Тран, а бил пронајден мртов во комбе, односно се самоубил. Инцидентот се случи во Монтереј Парк, 11 километри од Лос Анџелес, каде што имало прослави за Кинеската нова година. Се истражува мотивот за нападот. Според …

Убиецот од Калифорнија е 72-годишен Кинез Read More »

Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за „Титаник 2“


 Основниот Кривичен суд – Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија. Ова ќе биде втора првостепена пресуда за „Титаник 2“, откако Кривичниот …

Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за „Титаник 2“ Read More »

За прв пат во историјата на фудбалот покажан бел картон


За време на натпреварот меѓу женските екипи на Бенфика и Спортинг Лисабон судијата за прв пат во историјата покажа бел картон. Според новите правила тоа е дозволено. Од 1970 година и Светското првенство навивачите се навикнати судиите на натпреварите во џебот да носта жолт и црвен картон, кои санкционираат прекршоци. Додека црвениот и жолтиот картон …

За прв пат во историјата на фудбалот покажан бел картон Read More »

На Шапка 60 сантиметри снег, во Маврово 10


 На Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Маврово 10, а осум во Лзарополе, соопшти УХМР. Најмногу дожд, пак, во изминатотото деноноќие наврна во Демир Капија 19 читри на метар квадратен, во Маврово 15 и во Охрид девет литри. Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и …

На Шапка 60 сантиметри снег, во Маврово 10 Read More »

Израелски научници ја споија современата технологија со – скакулец


Истражувачи од Универзитетот на Тел Авив го создадоа можеби најчувствителниот уред за идентификација на мирис во светот со комбинирање на денешната врвна електроника и вештачка интелигенција со „технологија“ стара стотици милиони години – антена на скакулец. Некои аеродроми користат „роботи со вештачки нос“ за откривање криумчарења, на пр. на марихуана. Сепак, оние понапредните аеродроми користат …

Израелски научници ја споија современата технологија со – скакулец Read More »

Илјадници потрошувачи во Словенија без струја поради снег и ветер


Снегот и силниот ветер во Словенија предизвикаа проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија, јавија словенечките медиуми. На подрачјето на Нови Место без струја останале повеќе од 3.000 потрошувачи, соопштија од Електро Љубљана. Поради невреме е затворен дел од крајбрежниот автопат меѓу Кастелец и Кожине кон Љубљана, јави СТА. 

Крводарителска акција во чест на Тоше Проески


По 19. пат Црвениот крст на Град Скопје и Општинската организација Центар ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески, кого, за жал, прерано го загубивме. Крводарителската акција ќе се реализира в среда, во холот на Домот на АРМ, во периодот од 9 до 17 часот.  – …

Крводарителска акција во чест на Тоше Проески Read More »

Мрзливоста не е главна причина што ги одложувате плановите, туку емоционалната состојба


  Понекогаш луѓето се наоѓаат во ситуација едноставно да неможат да направат нешто, па тоа постојано го одложуваат. Обично тогаш луѓето ги нарекуваме мрзливи, но вистината се крие на друго место. Недостаток на мотивација често се смета за главна причина за мрзливост, но тоа не е вистина. Ако некогаш сте се нашле во фаза која …

Мрзливоста не е главна причина што ги одложувате плановите, туку емоционалната состојба Read More »

Авион на „Рајанер“, кој добил дојава за бомба на летот, безбедно слета во Атина


Авион на „Рајанер“ кој летал од полскиот град Катовице за Атина испратил предупредување до грчката контрола на летање за можна бомба на летот, јавуваат грчките медиуми. Во авионот имало 192 лица, а „боингот“ безбедно слетал на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, придружуван од грчки борбени авиони Ф16, објави сајтот „elkosmos.gr“. Претходно, унгарски борбени авиони го следеа …

Авион на „Рајанер“, кој добил дојава за бомба на летот, безбедно слета во Атина Read More »

Шпанско богатство: Водата и вулканската пепел створија убавина што треба да се види во живо


  Баранко де Лас Вакас кој настанал со игра на водата и вулканска пепел во текот на илјадници години претставува едно од најважните богатска на Канарските Острови. За само неколку часа лет може да стигнете до Канарските Острови во Атланскиот Океан, и да уживате во чудата на природата. Едно од нив се наоѓа на Гран …

Шпанско богатство: Водата и вулканската пепел створија убавина што треба да се види во живо Read More »

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека изборите во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец порано од планираното. Кабинетот на претседателот денеска објави видео на кое Ердоган го објавува датумот на изборите за време на состанокот со младите гласачи во северозападната провинција Бурса доцна синоќа, објави Ројтерс. Благодарен сум на Бога …

Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај Read More »