Убиецот од Калифорнија е 72-годишен Кинез


Полицијата во Калифорнија го пронајде мртов мажот кој вчера изврши масакр во Калифорнија. Станува збор за 72-годишен Кинез Ху Кан Тран, а бил пронајден мртов во комбе, односно се самоубил.

Инцидентот се случи во Монтереј Парк, 11 километри од Лос Анџелес, каде што имало прослави за Кинеската нова година. Се истражува мотивот за нападот.

Според полицијата, жртвите имаат над 50 години, и најверојатно сите се од азиско потекло.

Во масакрот загинаа најмалку десет лица, а уште десет се ранети. За среќа двајца успеале да го совладаат напаѓачот и да му ја одземат полуавтоматската пушка, при што напаѓачот избегал.