Авион на „Рајанер“, кој добил дојава за бомба на летот, безбедно слета во Атина


Авион на „Рајанер“ кој летал од полскиот град Катовице за Атина испратил предупредување до грчката контрола на летање за можна бомба на летот, јавуваат грчките медиуми.

Во авионот имало 192 лица, а „боингот“ безбедно слетал на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“, придружуван од грчки борбени авиони Ф16, објави сајтот „elkosmos.gr“.

Претходно, унгарски борбени авиони го следеа авионот во нивниот воздушен простор.

На аеродромот пристигнале специјалци, противпожарни бригади и итните служби, а патниците биле брзо евакуирани.

Предупредувањето до контролната кула на атинскиот аеродром дојде додека авионот летал над Скопје.

По известувањето, авионот е упатен да прелета над морето, согласно протоколот од безбедносни причини.