Само разговори и препораки од МОН, никакви конкретни мерки


  Државната матура ќе се одржи, учениците по дојава за бомба ќе продолжат со наставата онлајн се единствените заклучоци на министерот за образование Јетон Шекири, само еден ден откако вчера 120 училишта беа под безбедносна закана. – Сите знаете дека во овие случувања имаме два сегмента, безбедносниот и наставата. Секоја одлука што доаѓа од безбедносен …

Само разговори и препораки од МОН, никакви конкретни мерки Read More »

Поради пожар половина Аргентина без струја, не работи ни нуклеарната електрана


  Повеќе од половина Аргентина остана без струја откако пожар ја зафати националната електрична мрежа. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и големи делови селски региони се во потполност или делумно погодени. Пожарот, наводно, избил на отворено поле, зафаќајќи ги клучните далноводи во крабрежното подрачје и прекинувајќи ја работата на нуклеарната електрана. Инаку, ова …

Поради пожар половина Аргентина без струја, не работи ни нуклеарната електрана Read More »

Измачуван коњ на скопските улици: Го влечат со автомобил


Коњ, за кој не се знае дали бил користен како превозно средство, бил влечен утрово по скопските улици со автомобил. Ваква страшна глетка начекале скопјани. Три лица биле во автомобилот со кој бил влечел коњот, кои во момент излегле од возилото кога коњот паднал. Случајот предизвика лавина реакции во јавноста и загриженост меѓу граѓаните. Не …

Измачуван коњ на скопските улици: Го влечат со автомобил Read More »

Силни турбуленции на летот од САД за Германија, седуммина повредени


Седум патници се повредени откако летот на „Луфтханза“ над САД го погодија силни турбуленции, јавуваат американските медиуми. Авионот летал на релација Остин-Франкфурт, а турбуленциите почнале над американската сојузна држава Тенеси.Седуммина се повредени и се пренесени во болница. Авионот принудно слетал на аеродром во предградие на Вашингтон, во 21.12 часот по локално време, а од „Луфтханза“ …

Силни турбуленции на летот од САД за Германија, седуммина повредени Read More »

„Спејс икс“ со четиричлен екипаж астронаути лансиран кон Меѓународната вселенска станица


Двајца американски астронаути, еден руски космонаут и еден од Обединетите Арапски Емирати тргнаа на пат кон Меѓународната вселенска станица (ISS), јави ДПА. Четиричлениот екипаж кон Меѓународната вселенска станица беше лансиран во 12:34 часот по локално време од вселенскиот центар на НАСА – „Кенеди“, во Флорида. Астронаутите се наоѓаат во леталото „Сrew Dragon“ од приватната вселенска …

„Спејс икс“ со четиричлен екипаж астронаути лансиран кон Меѓународната вселенска станица Read More »

Експлозија пред суд во предградие на Атина


Импровизирана експлозивна направа, во текот на ноќта била поставена пред влезот на суд во предградието Коропи, во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од експлозијата била причинета материјална штета на објектот. Според грчките медиуми, полицијата почнала истрага за откривање и пронаоѓање на сторителите. Експлозијата се случила околу 2 часот по полноќ, …

Експлозија пред суд во предградие на Атина Read More »

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, протест пред судот


Во Основниот суд во Тетово денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги изгубија животите. На 16 февруари беше последното рочиште кога сведочеа две медицински сестри, родители на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои …

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, протест пред судот Read More »

Без струја утре Карпош, Чаир и Илинден


Без електрична енергија утре ќе бидат дел од општините Карпош, Чаир и Илинден. Во периодот од 07:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул.„Никола Парапунов“ – зградите околу Телма телевизија, Тинекс маркет, Шартекс, Француско интернационално училиште EFIS и околните корисници во општина Карпош. Како што информираат од РЦУК Скопје, во периодот од …

Без струја утре Карпош, Чаир и Илинден Read More »

Објавено видео од моментот на судар на грчките возови


Најмалку 42 лица настрадаа во сударот на возови цо централна Грција, а на социјалните мрежи се појави видео од моментот на сударот меѓу патничкиот и товарниот воз кај градот Лариса. Безбедносна камера го забележала страотниот момент на судар на меѓуградскиот патнички воз кој од Атина патувал за Солун со околу 350 патници и товарниот воз. …

Објавено видео од моментот на судар на грчките возови Read More »

Во земјотресот во Турција уништени над 300 културни знаменитости


 Во земјотресот кој ја погоди Турција на 6 февруари уништени се повеќе од 60 споменици и 300 културни знаменитости. Значителен дел од нив се наоѓа во провинцијата Хатај. Во античко време, градот Антиохија бил еден од најголемите градови во светот и трет по големина град на Римската империја. Освен големата хуманитарна криза и страдањата на …

Во земјотресот во Турција уништени над 300 културни знаменитости Read More »

Германија може многу да научи од Албанија и од Руанда


Германските министерства за надворешни работи и за развојна помош сакаат да ја поддржат позицијата на жената во иднина со феминистичка стратегија за надворешна политика, беше објавено денеска во Берлин. – Ние не повикуваме на револуција, тоа е нешто што се подразбира, рече министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените) додека ја претставуваше новата феминистичка стратегија …

Германија може многу да научи од Албанија и од Руанда Read More »

Јовановски: Компаниите и во услови на криза не отпуштија вработени


Одредени елементи на кризата ќе бидат присутни и оваа година. Инфлацијата нема да исчезне туку така, минималната плата сега ќе се зголеми, целата структура на плати ќе отиде нагоре и ќе видиме каков ефект ќе има тоа, рече потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Зоран Јовановски, на денешниот Економски форум Скопје.    Неизвесноста околу економските изгледи …

Јовановски: Компаниите и во услови на криза не отпуштија вработени Read More »

Абазовиќ: Ги охрабрувам Косово и Србија да изнајдат заедничко решение


 Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ од вториот Економски форум во Скопје упати охрабрување до Косово и Србија за изнаоѓање на конечно решение, со оценка дека тоа ќе биде силен поттик и за целиот регион.   -Црна Гора е најмалата земја во регионот и кога сте најмали имате интерес да одржувате добри добрососедски односи, да промовирате …

Абазовиќ: Ги охрабрувам Косово и Србија да изнајдат заедничко решение Read More »

Курти: Заемното признавање е суштината на односите меѓу Приштина и Белград


 Нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград може да се направи преку заемно признавање, изјави косовскиот премиер Албин Курти на Вториот економски форум во Скопје. -Нормализација на односите може да се направи преку заемно признавање. Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц, дека заемното признавање е суштината и централната точка на целосната …

Курти: Заемното признавање е суштината на односите меѓу Приштина и Белград Read More »

Економски форум Скопје: Да се инвестира и во интернет инфраструктура и локален развој


Да се инвестира во инфраструктурата за интернет комуникација и во локалниот развој во регионот, паралелно со патното и енергетското поврзување, порачаа учесниците на Економскиот Форум што се одржува во Скопје, на панелот посветен на инвестициите во инфраструктурата. – Инфраструктурата за интернет комуникација бара многу инвестиции, особено во држави како нашите и има многу малку проекти …

Економски форум Скопје: Да се инвестира и во интернет инфраструктура и локален развој Read More »

Грчки новинар: Причина за несреќата е системска грешка на која се предупредува со години


Главниот уредник на Комотини прес, НИколаос Арванитес за Н1 вели дека според неговите информации причина за денешната железниќка несреќа е системска грешка во упавување со сигнализацијата. Додава дека наведениот проблем постои неколку години. „Официјалната причина е човечка грешка, но тоа се случи затоа што ништо не е направено на системот досега. Морам да кажам дека …

Грчки новинар: Причина за несреќата е системска грешка на која се предупредува со години Read More »

Бочварски: Инвестиции во инфраструктура и модерни системи за поврзување на регионот


Со инвестиции и соработка ќе овозможиме поврзување и интеграција на регионот, пократко патување за граѓаните и за бизнисот. Доколку сакаме да бидеме вистинска транзитна држава и во делот на патиштата и во делот на железничката инфраструктура треба да ги следиме сите нови модерни системи, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски пред учесниците на …

Бочварски: Инвестиции во инфраструктура и модерни системи за поврзување на регионот Read More »

„Селектирај – компостирај“ – проект за правилен третман на органскиот отпад во градинките во Велес


Околу 400 деца во сите градинки на територијата на општина Велес ќе имаат можност да го научат и директно да го применуваат процесот на производство на компост од органски отпад. Станува збор за активност во рамки на проектот „Селектирај – компостирај“ преку која дечињата директно во градинките на мини компостери ќе ги преработуваат остатоците од …

„Селектирај – компостирај“ – проект за правилен третман на органскиот отпад во градинките во Велес Read More »

По железничката несреќа, министерот за транспорт на Грција поднесе оставка


 Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица. -Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја …

По железничката несреќа, министерот за транспорт на Грција поднесе оставка Read More »

На новиот повик за приватни превозници нема да може да учествуваат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“


Градот Скопје ќе распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град, соопштија од градската администрација, со напомена дека на него нема да можат да учествуваат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“. – Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе …

На новиот повик за приватни превозници нема да може да учествуваат „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ Read More »