Објавено видео од моментот на судар на грчките возови


Најмалку 42 лица настрадаа во сударот на возови цо централна Грција, а на социјалните мрежи се појави видео од моментот на сударот меѓу патничкиот и товарниот воз кај градот Лариса.

Безбедносна камера го забележала страотниот момент на судар на меѓуградскиот патнички воз кој од Атина патувал за Солун со околу 350 патници и товарниот воз.

На снимката, која ја објави ЕРТ; се гледа моментот на судар односно како патничкиот воз директно удира во товарниот, при што блеснува силна експлозија.

Возовите се движат на ист колосек со брзина од 160 км/ч, и не можат да го избегнат сударот, пишува „Прототема“.