Поради пожар половина Аргентина без струја, не работи ни нуклеарната електрана


 

Повеќе од половина Аргентина остана без струја откако пожар ја зафати националната електрична мрежа. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и големи делови селски региони се во потполност или делумно погодени.

Пожарот, наводно, избил на отворено поле, зафаќајќи ги клучните далноводи во крабрежното подрачје и прекинувајќи ја работата на нуклеарната електрана. Инаку, ова се случува среде топлинскиот бран и сушата што ја зафати Аргентина.

Бидејќи оваа јужноамериканска држава уште е во летните месеци, температурите постојано се над 35 степени Целзиусови во некои делови од земјата.

Спарнината во комбинација со немањето струја го сопреа секојдневниот живот во некои региони, наставата не се одвива, а компаниите се затворени. Многумина мора да останат без клима-уреди или разладувачи.

Најлошо се погодени големите градови, а се проценува дека околу1 50.000 луше сѐ уште се без струја во градското подраќје на Буенос Аирес.