Грчки новинар: Причина за несреќата е системска грешка на која се предупредува со години


Главниот уредник на Комотини прес, НИколаос Арванитес за Н1 вели дека според неговите информации причина за денешната железниќка несреќа е системска грешка во упавување со сигнализацијата. Додава дека наведениот проблем постои неколку години.

„Официјалната причина е човечка грешка, но тоа се случи затоа што ништо не е направено на системот досега. Морам да кажам дека од 24 јануари до 4 февруари годинава синдикатите го предупредуваа министерот дека постојат проблеми. Суштината на несреќата е лошата приватизација и системска грешка во железницата“, вели Арванитес.

Несреќата се случи околу полноќ

„Според она што го знаеме од терен, од 354 лица, колку што имало патници и членови на екишажпт на железницата, 194 се спасени, 42 се мртви и 85 повредени“, вели грчкиот новинар. Тврди дека грчките железници не се во најдобра состојба и потребно е да се обноват пругите кои се стари 40-50 години.

Потсетуваме дека околу полноќ се судрија товарен и патнички воз во средишна Грција. Спасувачките тимови веднаш по дојавата заминаа да извлекуваат жртви од смачканите вагони. Подоцна беше објавено дека шефот на железничката станица во градот Лариса е обвинет за убиство од небрежност.