Прогласени најдобрите библиотекари за 2023 година


Во Струмица денеска се одржува еднодевно советување на тема „Библиотеката темел на писменоста“, а беа доделени и признанијата на најдобрите библиотекари за 2023 година во јавните и училишните библиотеки. Признанието библиотекар на годината „Павлина Цунева Маказлиева“ го добија Тања Гошева од струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ за врвни достигнувања во оваа област и Магдалена Кочовска …

Прогласени најдобрите библиотекари за 2023 година Read More »

Ослободителна пресуда за Жан Митрев по обвинението од МАЛМЕД


Основниот кривичен суд ги ослободи Клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев од обвинението дека во МАЛМЕД не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката „Жан Митрев“ се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази …

Ослободителна пресуда за Жан Митрев по обвинението од МАЛМЕД Read More »

Научно е докажано дека е најубавата жена на планетата – погледнете како се појави синоќа


Актерката Џоди Комер присуствуваше на доделувањето на Theater World 2023 Awards во Њујорк. Нејзиното монохроматско издание беше елегантно, но во исто време заводливо. Црниот блејзер со сатенска јака беше надополнет со плисирано проѕирно здолниште. Во темнината, до израз дојдоа нејзината руса коса, благо свиткана и нејзиното совршено лице… Да потсетиме, според пресметката на британскиот пластичен …

Научно е докажано дека е најубавата жена на планетата – погледнете како се појави синоќа Read More »

Битиќи со германските компании: Поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со делегација на германски компании кои престојуваат во Северна Македонија, на која ги споделил деловните можности посебно во однос на поддршката за инвестиции. На средбата, како што соопштија од владината прес-служба, …

Битиќи со германските компании: Поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка Read More »

Објавени јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии


Министерството за економија објави три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво. Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, со јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија ќе се кофинансираат 40 проценти од докажаните трошоци направени за набавка на машини, но …

Објавени јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии Read More »

Преку Уставен суд Сојузот бара сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз


Сојузот на средношколци денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членот 41 а од Законот за средното образование. Претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павиќевиќ на денешната прес-конференција посочи дека тие предлагаат законски измени кои се однесуваат на правото на бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци. -Јавноста …

Преку Уставен суд Сојузот бара сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз Read More »

Д-р Јовев се пожали на притисоци, па зел одмор: Јас и Кардиохирургија испаднавме жртви


Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев денеска во присуство на вработени и негови колеги од Клиниката рече дека за првпат зел боледување во 35 години работење, но го зел поради притисоци кои што ги имал. -Имав притисоци дека сум направил грешка во самиот протокол за настанот при отворањето на нова хибридна сала, …

Д-р Јовев се пожали на притисоци, па зел одмор: Јас и Кардиохирургија испаднавме жртви Read More »

Гласот на младите клучен во градењето на отпорност против организираниот криминал и корупцијата


Во борбата против организираниот криминал и корупција е неопходно да се вклучи и гласот на младите, ова е заклучокот од денешната конференција „Градење отпорност против организираниот криминал и корупцијата меѓу младите во Југоисточна Европа” во организација на Одделот за транснационални закани на Секретаријатот и Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ, во …

Гласот на младите клучен во градењето на отпорност против организираниот криминал и корупцијата Read More »

КИФ бара од Брисел итна одлука за интегрирање на Западен Балкан во единствениот европски пазар


Брисел итно да донесе одлука со која на Западен Балкан ќе му овозможи да стане дел од единствениот европски пазар. Нема причина тоа да не се случи веднаш или многу брзо, догодина или најдоцна за две години. Предолго сме во овој процес, Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора. Нашите економии веќе …

КИФ бара од Брисел итна одлука за интегрирање на Западен Балкан во единствениот европски пазар Read More »

Крива Паланка и Лесковац ќе имплементираат нов европски проект „Земја на легендите“


Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска го потпиша договорот за отпочнување на проектот „Земја на легендите“ што ќе се реализира во партнерство со збратимениот град Лесковац, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија. -Ова е втор проект на Општина Крива Паланка заедно со Лесковац, што произлезе како …

Крива Паланка и Лесковац ќе имплементираат нов европски проект „Земја на легендите“ Read More »

Светски познатиот сопран Ангела Георгиу ќе го отвори 63. издание на фестивалот „Охридско лето“


Со грандиозен концерт на светската оперска дива, сопранот Ангела Георгиу од Романија и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Теодорашку Артаманов од Романија на 12 јули на сцената на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 63. издание на фестивалот „Охридско лето“. На денешната прес-конференција на која беше презентирана фестивалската програма, …

Светски познатиот сопран Ангела Георгиу ќе го отвори 63. издание на фестивалот „Охридско лето“ Read More »

Промовиран нов Центар за болести на црн дроб во рамки на Клиниката за гастроентерохепатологија


Амбуланта, нов Центар за болести на црн дроб беше промовиран денеска во рамки на Клиниката за гастроентерохепатологија. Министерот за здравство Фатмир Меџити, рече дека инвестициите во здравствениот систем се инвестиции во здрави идни генерации, потсетувајќи дека деновиве се промовираат нови инвестиции во повеќе јавни здравствени установи. Меџити појасни дека станува збор за ординација за подготовка …

Промовиран нов Центар за болести на црн дроб во рамки на Клиниката за гастроентерохепатологија Read More »

Ученички масовно се онесвестувале, а биле на километри далеку: „Опасноста дошла од WhatsApp“


Зошто стотици девојки во Мексико се онесвестиле во градовите оддалечени стотици километри? Сцените во септември 2022 година во неколку мексикански училишта личеа на сцени од необјаснета серија со тема мистерија: 12-годишната тинејџерка Есмералда влегува во училишен тоалет во Тапачула. Зад неа влегува нејзината пријателка. И двете паѓаат во несвест. За еден час, уште девет девојчиња …

Ученички масовно се онесвестувале, а биле на километри далеку: „Опасноста дошла од WhatsApp“ Read More »

Секогаш се разболувате на одмор? Не сте баксуз, овој симптом погодува 81 отсто од луѓето


Колку пати во животот сте помислиле: Каков баксуз сум јас? Но, не, овојпат не зборуваме за деловни неуспеси или пропуштени можности, туку за предизвик кој им пречи дури 81 отсто од луѓето, ако им се верува на податоците од анкетата. Имено, според неодамнешното истражување на компаниите HanseMerkur и Appinio, горенаведената бројка, изразена во проценти, е …

Секогаш се разболувате на одмор? Не сте баксуз, овој симптом погодува 81 отсто од луѓето Read More »

Без вода дел од корисниците на булевар „АСНОМ“


– Поради дефект на затварач на приклучна цевка, без вода од 10 часот се корисниците од бр 84 до бр 118 на булевар „АСНОМ“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Шаќири и Неделков со претставници на Solidarity Center за подигање на дигнитетот на просветителите


Искуствата на најголемите синдикални организации во САД кои се занимаваат со правата на работниците, особено во областа на образованието, можат многу да ни помогнат во унапредување на националните политики преку кои ние се залагаме за подигнување на дигнитетот на просветителската дејност и зголемување на мотивацијата за работа на наставниците. Тоа се политики кои ги креираме …

Шаќири и Неделков со претставници на Solidarity Center за подигање на дигнитетот на просветителите Read More »

(Видео) Топка пластично ѓубре ќе се тркала низ Скопје


Во среда, ќе се одржи еден еко-активистички перформанс од страна на двајца артисти од странство кои патуваат низ светот.   Овој млад номадски пар работи на проект финансиран од Goethe институтот во Македонија.   Идејата им е да соберат многу пластичен отпад и да го претворат во една огромна топка од отпад која ќе ја …

(Видео) Топка пластично ѓубре ќе се тркала низ Скопје Read More »

Меџити на брифинг ќе ги каже причините за смената на д-р Јовев


Во 15 часот службите од Министерството за здравство ќе ги свијаат медиумите на брифинг, каде ќе се изнесат причините за смената на дирекоторот на Клиниката за кардиологија, д-р Сашко Јовев, кој пак закажа прес-конференција за 12 часот. Тоа што Јовев е успешен во трансплантација на срце, Меџити смета дека е заслуга не само на  „самиот …

Меџити на брифинг ќе ги каже причините за смената на д-р Јовев Read More »

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство …

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита Read More »