Научно е докажано дека е најубавата жена на планетата – погледнете како се појави синоќа


Актерката Џоди Комер присуствуваше на доделувањето на Theater World 2023 Awards во Њујорк. Нејзиното монохроматско издание беше елегантно, но во исто време заводливо.

Црниот блејзер со сатенска јака беше надополнет со плисирано проѕирно здолниште. Во темнината, до израз дојдоа нејзината руса коса, благо свиткана и нејзиното совршено лице…

Да потсетиме, според пресметката на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, актерката Џоди Комер, ѕвездата од серијата „Killing Eve“ е прогласена за најубава славна личност на светот. Хирургот дошол до заклучок користејќи математичко мапирање на лицето, многу популарна метода во пластичната хирургија базирана на „златниот пресек“.

„Се покажа дека таа има најдобар сооднос на положбата на носот и усните со резултат од 98,7%, што е само 1,3% од совршената форма“, изјави Де Силва за Daily Mail.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dazzling Jodie Comer (@jodiedazzling)