Секогаш се разболувате на одмор? Не сте баксуз, овој симптом погодува 81 отсто од луѓето


Колку пати во животот сте помислиле: Каков баксуз сум јас? Но, не, овојпат не зборуваме за деловни неуспеси или пропуштени можности, туку за предизвик кој им пречи дури 81 отсто од луѓето, ако им се верува на податоците од анкетата.

Имено, според неодамнешното истражување на компаниите HanseMerkur и Appinio, горенаведената бројка, изразена во проценти, е уделот на германските граѓани кои се зафатени од некои од болестите за време на патувањето, пишува Bild.

Штом ќе ги заштедат парите кои ги собираат со месеци и ќе направат распоред на работа околу одморот, потоа организираат превоз до аеродром и резервираат сместување, мислејќи дека конечно можат да се опуштат, вработените се соочуваат со нов стрес.

Во изминатиот период речиси половина од испитаниците се разболеле додека биле на одмор во Европа, а 23,8 отсто на подалечни дестинации. Можеби не сте знаеле, но постои дури и дефиниран феномен на разболување на одмор, познат и како „болен во слободно време“.

Но, не грижете се, не ве бие малар, има сосема логично, физиолошко објаснување за тоа. Додека работите, нивото на адреналин често е високо во стресните фази, што ве принудува да дадете сѐ од себе и ги маскира првите можни знаци на болест.

Доколку нивото на адреналин опадне на почетокот на одморот, полесно се размножуваат патогените, бидејќи телото е „окупирано“ со процесот на премин од стрес во опоравување или симптомите тогаш се забележливи за првпат. Истото важи и за викендот.

Секој петти во Германија се разболува на крајот на работната недела.

Во спроведената анкета е анализиран и типот на болеста, а еве ги најчестите:

Настинка
Гастроинтестинални поплаки
Проблеми со кожата (каснување од комарец, изгореници)
Сончаница
Исчашувања и повреди за време на тренингот