Меџити на брифинг ќе ги каже причините за смената на д-р Јовев


Во 15 часот службите од Министерството за здравство ќе ги свијаат медиумите на брифинг, каде ќе се изнесат причините за смената на дирекоторот на Клиниката за кардиологија, д-р Сашко Јовев, кој пак закажа прес-конференција за 12 часот.

Тоа што Јовев е успешен во трансплантација на срце, Меџити смета дека е заслуга не само на  „самиот професор, таму е целиот тим што работи такви операции“.

Меџити, половина час подоцна, на друга прес-конференција, повтори дека смената на Јовев се должи на направени злоупотреби, а контролата за тоа биле направени минатата недела.

Меџити негира дека зад ваквите разрешувања и смени стои политика.

– Апсолутно не (стои политика зад ова). Секаде каде што постојат злоупотреби со мене како министер ќе има и санкционирања – вели Меџити. – Ние тука сме пред сѐ да ги водиме политиките во здравството. Не подлегнуваме на притисоци, ние сме тука со цел нашите пациенти да добиваат добри услуги и докторите да имаат добри услови за работа. Ние ќе се стремиме за подобри услови во здравството. има проблеми со термините, но затоа сме тука, на добар пат, да имаме добри резултати.

Тој не сакаше да ја коментира преусдата на судот за модуларната болница во Тетово, каде изгореа 14 пациенти пред три години, и вели дека затоа се трудат да ги подобрат условите и со реновирање, како во болницата  во Штип, така и во Кичево, каде 30 години трае реновирањето.

– Нема институција каде нема да има контроли во здравствените установи низ цела држава. Мојата иницијатива ќе ја оствариме за еден централизиран Клинички центар. Тој предлог го доставивме до Владата. Мој тајминг е најдобро тоа да биде од 1 јануари 2024 година, по советување со Фондот за здравство, затоа што буџетот се прави тогаш – вели Меџити.

Прашан, зошо, и покрај тоа што тој неколкупати изјави дека лекови за пациентите со онколошки заболувања има, тие се жалаат дека нема, Меџити рече дека од менаџментот на клиниката за онкологија и радиологија бил известен дека терапија има за онколошките пациенти.
Најави дека повторно ќе праша зошто пациентите се жалаат и дека ако има одговорност кај директорката ќе има и санкции.