Притвор за осомничен за силување во струмичко


 Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи …

Притвор за осомничен за силување во струмичко Read More »

Реконструирано училиштето во демиркаписко Бистренци


Заврши реконструкцијата на училиштето во демиркапиското село Бистренци, информираше попладнево градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.   – Со почетокот на новата учебна година, завршија градежните активности во подрачното училиште. Поставена е нова термоизолациона фасада на училишната зграда, изработена е нова стреа, поставени се нови олуци и метални штитници на прозорците, како и настрешница на …

Реконструирано училиштето во демиркаписко Бистренци Read More »

Пописот во Црна Гора ќе почне на 1 ноември


Пописот на населението во Црна Гора, согласно законот, треба да започне на 1 ноември, а подготовките се одвиваат со полн интензитет, изјави денеска црногорскиот министер за финансии Александар Дамјановиќ и посочи дека нема теоретски шанси процесот да биде попречен.  „Потребно е да се постигне максимален фокус, имајќи ја предвид политичката позиција во која се наоѓа …

Пописот во Црна Гора ќе почне на 1 ноември Read More »

Белгискиот премиер „шокиран“ од подметнување пожари во училиштата поврзани со сексуално образование


Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование. „Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца“, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук. „Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во …

Белгискиот премиер „шокиран“ од подметнување пожари во училиштата поврзани со сексуално образование Read More »

ЦУК: Поради засилен ветер пожар се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира за пожар којшто денеска попладне избувнал покрај железничката пруга кај местото Ореше, Општина Чашка, и којшто и покрај напорите за гаснење е сеуште критичен и доста активен, а поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени. -Во 12:38 часот, во Центарот за управување …

ЦУК: Поради засилен ветер пожар се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени Read More »

Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во Мачкини дупки


Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во местото наречено Мачкини дупки, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Во 17:15 часот вчера во Полициската станица Аеродром, пријавено било дека во селото Горно Лисиче, на место викано „Мачкини дупки“, настанал пожар, при што биле опожарени викенд куќа, сопственост на Т.С., на возраст од …

Пожар зафати викенд куќа и сандаци за пчели во Мачкини дупки Read More »

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница продолжуваат со протести


Претставници на семејствата на 14 луѓе кои ги загубија своите животи во пожарот во модуларната болница во Тетово преку прес-конференција најавија дека ќе продолжат со јавни протести поради незадоволство од работата и постапките на Обвинителството. Тие минатата недела на двегодишнината од пожарот организираа протест и марш во Тетово, а новиот протест го најавуваат за утре. …

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница продолжуваат со протести Read More »

Почнаа градежните работи на автопатот Прилеп-Битола


Со изведбата на патниот правец Прилеп – Битола, ќе добиеме најмодерно автопатско решение во должина од 40 километри и со тоа, практично ќе биде заокружена една голема градежна инфраструктурна офанзива во однос на нови, модерни автопатишта во нашата држава. Ова го изјави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, кој денеска присуствуваше на симболичното минирање на трасата …

Почнаа градежните работи на автопатот Прилеп-Битола Read More »

Разрешена директорката на Филхармонија Тина Иванова, нов директор е Даниел Лазаровски


  Поради несовесно и неекономично работење, министерката за култура ја разреши директорката на Филхармонија, Тина Иванова. Според министерството, по извештајот од извршениот увид на Комисија од Министерството за култура, на 6 септември 2023 г., во документацијата на НУ Национална филхармонија и констатираните бројни законски повреди и неусогласености во работењето, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска донесе одлука …

Разрешена директорката на Филхармонија Тина Иванова, нов директор е Даниел Лазаровски Read More »

Поскапуваат дизелот и бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95


Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,54 отсто. …

Поскапуваат дизелот и бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 Read More »

Најголем дел од нашите граѓани кликаат на напис: „Ајфон за 114 денари“ -70 отсто веруваат во дезинформации


До 70 проценти од македонските граѓани, имаат тенденција да поверуваат во погрешни информации, без да го потврдат или верификуваат изворот на информација, за разлика од Финска, на пример, каде што тој процент е околу 10. Дезинформациите и лажните вести се закана и негативно влијааат врз работата на медиумските професионалци. Со нивно ширење под закана доаѓа …

Најголем дел од нашите граѓани кликаат на напис: „Ајфон за 114 денари“ -70 отсто веруваат во дезинформации Read More »

Фудбалерките во Шпанија издејствуваа повисоки плати


Фудбалерките во Шпанија издејствува зголемување на платите и го прекинаа штрајкот, соопшти денеска раководното тело (ФПФ) на женскиот фудбал во оваа земја. Фудбалерките стапија во штрајк на почетокот на овој месец, откако не успеаја да постигнат договор со раководството на Лигата за подобри услови и повисоки плати. Штрајкот вроди со плод и двете страни сега …

Фудбалерките во Шпанија издејствуваа повисоки плати Read More »

Автопатот Атина –Солун сѐ уште затворен за сообраќај


Поради поплавите од претходните денови автопатот Атина –Солун сѐ уште е затворен за сообраќај во двата правци во делот околу Лариса, а според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, во тек е работа на патот за да може набргу да се отвори, јави дописничката на МИА од Атина.  На денешниот редовен брифинг со новинарите во однос …

Автопатот Атина –Солун сѐ уште затворен за сообраќај Read More »

Локален опозициски политичар од Србија се полил со бензин и се самозапалил пред полициската станица


Опозицискиот советник во собранието на Топола во Србија Д.М.(53), доцна синоќа, се полил со бензин и се запалил пред полициската станица. Брзо му била укажана помош и преживеал, но во тешка здравствена состојба со изгореници опасни по живот. Вчера се одржа седница на општинското собрание, а овој советник доцна во вечерните часови дошол пред полициската …

Локален опозициски политичар од Србија се полил со бензин и се самозапалил пред полициската станица Read More »

ОЈО ќе побара податоци за пациентите од Косово кои се лекувале со цитостатици во Македонија


Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден …

ОЈО ќе побара податоци за пациентите од Косово кои се лекувале со цитостатици во Македонија Read More »

Малолетник со мотор удрил во повозрасен пешак во Битола


Во средата, во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешакот Н.М.(62) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на …

Малолетник со мотор удрил во повозрасен пешак во Битола Read More »

Меџити, eден месец пред скандалот на Онкологија имал индиции за злоупотреби


Имавме индиции дека во минатото се случила некоја злоупотреба на Онкологија, пред моето доаѓање за министер, го знаеме случајот со медицинската сестра, па откако сум јас министер, побарав од Инспекторатот да направат контрола. Тие биле на Клиниката за онкологија и радиотерапија и извршиле контроли во период од први јануари 2022 година, до 31 октомври таа …

Меџити, eден месец пред скандалот на Онкологија имал индиции за злоупотреби Read More »

Славески предлага да се тргнат од дневен ред предлозите за екоавтобуси на Арсовска


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, постојано велеше дека предлогот за задолжување за набавка на екоавтобуси, ќе се најдува како точка на дневен ред на секоја седница на Советот, додека советниците не решат да го изгласаат, но денеска, претседателот на Советот Трајко Славески, предложи таа точка и уште неколку други да се тргнат од дневен …

Славески предлага да се тргнат од дневен ред предлозите за екоавтобуси на Арсовска Read More »

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината


Преспанското Езеро, кое се протега од околу 260 квадратни километри, што е повеќе од двојно од територијата на Париз, изгуби седум отсто од својата површина и половина од својот волумен во периодот од 1984 до 2020 година, објави денеска „Еурактив“, повикувајќи се на извештај на НАСА.  Посочувајќи дека повеќе од две третини од езерото и …

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината Read More »