Малолетник со мотор удрил во повозрасен пешак во Битола


Во средата, во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешакот Н.М.(62) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.