Хаос во Брисел по силниот дожд: Поплавени тунели, трамваи не сообраќаат…


Неколку патни тунели се поплавени, а трамвајскиот сообраќај е во прекин откако утринава силен дожд го зафати Брисел, јави новинската агенција Белга. Два тунели, еден во центарот на градот и еден на југ, беа затворени поради поплави. Третиот тунел, кој е дел од централната обиколница на главниот град на Белгија, е привремено затворен. Non ceci …

Хаос во Брисел по силниот дожд: Поплавени тунели, трамваи не сообраќаат… Read More »

За една заразена свиња со африканска чума, ќе се уништат околу 9.000 во карбинското село Таринци


Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потврди дека во комерцијална фарма за свињи во карбинското село Таринци е потврден последниот позитивен случај на  болеста африканска чума кај свињите и тоа кај едно животно, но мора да се уништат вкупно 9.000 животни во оваа фарма. Во соопштението се вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) …

За една заразена свиња со африканска чума, ќе се уништат околу 9.000 во карбинското село Таринци Read More »

ЕК одобри употреба на нова адаптирана вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“


Европската комисија соопшти дека денеска ја одобрила употребата на новата адаптирана вакцина против корона вирусот на производителот „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“), во текот на есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 во земјите членки на ЕУ.  – Оваа вакцина означува уште една важна пресвртница во борбата против болеста. Тоа е трета адаптирана варијанта на оваа …

ЕК одобри употреба на нова адаптирана вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“ Read More »

Автобус се запали кај Стража, нема повредени патници


Автобус  кој патувал на релација Гостивар – Кичево, се запалил утрово кај Стража, нема повредени патници, потврдија од МВР за МИА. -Денеска, во 11 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево. На …

Автобус се запали кај Стража, нема повредени патници Read More »

За викенд сончево, во понеделник пад на температурите, од вторник повторна стабилизација


За време на викендот ќе преовладува сончево време со свежи утра и потопло преку денот. Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура. Од вторник …

За викенд сончево, во понеделник пад на температурите, од вторник повторна стабилизација Read More »

Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение


Во споредба со претходната учебна година, стартот на оваа е поуспешен, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири прашан за оценка за почетокот на учебната 2023/2024 година со оглед на доцнењето на учебниците за шесто одделение и нејаснотиите околу спојувањето неколку предмети во ова одделение. -Во период од една година успеавме во основното образование …

Шаќири: На 7 септември ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто одделение Read More »

Од денеска до 30 септември продолжување на правото на ученичка стипендија


Од денеска до 30 септември трае рокот за доставување на документите до Министерството за образование и наука од корисниците кои во некоја од изминатите учебни години го оствариле правото на ученичка стипендија и ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување. Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2023/2024 година и …

Од денеска до 30 септември продолжување на правото на ученичка стипендија Read More »

Киев добива американски тенкови од Германија


 Украина ќе добие десет американски тенкови Абрамс во средината на септември, пишува Политико повикувајќи се на неименуван претставник на Пентагон. Тенковите моментално се во Германија и кога ќе заврши ремонтот ќе бидат префрлени во Украина. Порталот тврди дека западните функционери се надеваат дека техниката ќе им овозможи на украинците да добијат предност во контраофанзивата. САД …

Киев добива американски тенкови од Германија Read More »

Грузиската владејачка партија започнува со импичмент на претседателката на земјата


 Грузиската владејачка партија денеска соопшти дека ќе започне процес на импичмент на претседателката Саломе Зурабишвили поради нејзините посети на Европската унија, кои беа извршени против волјата на Владата, јавуваат британските медиуми, повикувајќи се на грузиските медиуми. Лидерот на партијата Грузиски сон, Иракли Кобачиџе, изјави дека претседателката „флагрантно го прекршила“ Уставот на земјата и дека партијата …

Грузиската владејачка партија започнува со импичмент на претседателката на земјата Read More »

Тропските комарци шират болести во Париз: „Ова се случува прв пат“


Здравствените власти во Париз за прв пат ги фумигираа (сопецијална постапка каде се користи гас или пареа) областите на француската престолнина за да ги убијат тигарските комарци кои носат болести. Експертите веруваат дека климатските промени го поттикнале брзото ширење на овие инсекти низ Северна Европа. Патиштата беа затворени во југоисточниот дел на Париз вчераутро, а …

Тропските комарци шират болести во Париз: „Ова се случува прв пат“ Read More »

Запленети 15 илјади австралиски долари, македонски државјанин сакал да ги внесе без да ги пријави


Запленети се 15.050 австралиски долари, откако македонски државјанин на влез во државава на граничниот премин Ќафасан кај царинските службеници пријавил само две илјади долари, иако со себе носел поголема сума девизи. Поради сомневање, царинските службеници пристапија кон личен претрес при што во рачната ташна му пронајдоа 10 илјади евра и 15.050 австралиски долари. Согласно Законот …

Запленети 15 илјади австралиски долари, македонски државјанин сакал да ги внесе без да ги пријави Read More »

Супер тајфун се приближува кон Кина, училиштата и компаниите се затворени 


Стотици летови беа откажани во кинеската провинција Гуангдонг и Хонг Конг бидејќи супертајфунот Саола падна на копно, принудувајќи ги властите да издадат предупредувања за сериозно невреме и да ги затворат бизнисите, училиштата и финансиските пазари. Три тропски бури се формираа во северозападниот дел на Тихиот Океан и Јужното Кинеско Море. Саола и Хаикуи веќе се …

Супер тајфун се приближува кон Кина, училиштата и компаниите се затворени  Read More »

УНИЦЕФ повикува на зголемени инвестиции за да се обезбеди квалитетно и инклузивно образование за секое дете


Правото на образование на детето го опфаќа правото на учење. Недостигот од квалитетно образование поставува значителни пречки на патот на децата во остварување на нивниот потенцијал во периодот на растење. Додека го славиме почетокот на новата учебна година, треба да внимаваме на предизвиците со кои се соочуваме и да ги удвоиме нашите напори да обезбедиме …

УНИЦЕФ повикува на зголемени инвестиции за да се обезбеди квалитетно и инклузивно образование за секое дете Read More »

Раст на бројот на заболени од Ковид-19 во Белгија, според експертите нема причина за паника


Бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија бележи раст во последниве недели, но според вирологот на белгискиот Национален здравствен институт „Сајнсано“, Стивен Ван Гухт, засега нема причина за паника. Како што објави „Брисел Тајмс“, анализите во последните недели утврдиле зголемување на концентрацијата на вирусот во отпадните води, што се смета за релевантен показател за зголемен …

Раст на бројот на заболени од Ковид-19 во Белгија, според експертите нема причина за паника Read More »

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарот активен веќе 14 дена во грчката област Еврос


Ново разгорување на активните жаришта имаше во текот на ноќта во пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, а пожарникарите веќе 14 дена водат битка огнената стихија да биде ставена под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.  Доцна синоќа пожарот стигна во близина на градот Суфли, па затоа до жителите беше испратена …

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарот активен веќе 14 дена во грчката област Еврос Read More »

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за домување


Во второто тримесечје годинава, во споредба со првото тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.5 %, трошоците за материјали се пониски за 1.4 %, а трошоците за вработените се повисоки за 7.1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба …

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за домување Read More »

Учебната година не започна за децата упатени во воспитно-поправен дом


Учебната година за децата во Воспитно-поправниот дом Волковија-Тетово не започна денеска, откако Владата на прашањето на МИА до каде е постапувањето по барањето на Народниот правобранител кој бара без одлагање да се преземат мерки со цел да се задолжи надлежното министерство и образовните институции, на заедничка средба да го разгледаат прашањето за образование во Воспитно-поправните …

Учебната година не започна за децата упатени во воспитно-поправен дом Read More »

Автобусите во Скопје од утре ќе возат по зимски возен ред


Од Одделението за односи со јавност при ЈСП Скопје информираат дека од утре, согласно Одлуката за линиски превоз на патници во градот, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред. Возниот ред е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk.

Хуманитарен „Back to School“ настан за поддршка на Лео


На почетокот на новата учебна година и враќањето на дечињата во училишните клупи, Општина Аеродром во соработка со Капитол мол, повторно го организира традиционалниот „Back to School“ настан. Настанот кој освен забавен ќе има и хуманитарен карактер ќе се одржи на 3 септември (недела), на платото пред трговскиот центар „Капитол“ со почеток од 18 часот. …

Хуманитарен „Back to School“ настан за поддршка на Лео Read More »

Полскиот премиер на годишнината од почетокот на Втората светска војна бара репарации од Германија


Во Полска денеска се одбележува 84-годишнината од почетокот на Втората светска војна. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Вилун, централна Полска, на 84-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна, и порача на Германија дека нејзиното извинување за злосторствата и уништувањето не е доволно, туку дека мора да плати воени репарации за да можат двете земји да …

Полскиот премиер на годишнината од почетокот на Втората светска војна бара репарации од Германија Read More »