Тропските комарци шират болести во Париз: „Ова се случува прв пат“


Здравствените власти во Париз за прв пат ги фумигираа (сопецијална постапка каде се користи гас или пареа) областите на француската престолнина за да ги убијат тигарските комарци кои носат болести. Експертите веруваат дека климатските промени го поттикнале брзото ширење на овие инсекти низ Северна Европа.

Патиштата беа затворени во југоисточниот дел на Париз вчераутро, а властите побараа од жителите да останат внатре, бидејќи властите прскаа со инсектицид на дрвја, тревници и други области за размножување комарци. Ваквите сцени се редовна појава во тропските градови и стануваат се почести во Европа бидејќи тигрестиот комарец, кој може да ги пренесе вирусите на денга, чикунгуња и зика, се шири од родната Југоисточна Азија.

„Тоа се случи за прв пат во Париз“
„Тоа се случи за прв пат во Париз, но не и во Франција. Југот на земјата веќе неколку години се бори со тигрести комарци“, изјави заменик-градоначалничката на Париз, Ане Сојрис, задолжена за здравствена политика, а пренесе „Гардијан“.

Регионалната здравствена управа за главниот град, АРС Ил-де-Франс, рече дека целната област за дезинсекција била 150 метри околу домот на лице во 13-тиот арондисман на главниот град, кое заразило од денга додека патувало, за да се намали ризикот од понатамошно пренесување.

Имено, ако тигрест комарец касне лице кое го донело вирусот од странство, тогаш тој самиот станува носител на болеста. Тигарскиот комарец (Aedes albopictus) пристигна во јужна Европа во првата деценија на овој век и оттогаш забрзано се движи кон север, со фактот дека веќе се населил во Франција, Германија и Швајцарија.

Ризикот ќе стане уште поголем
Здравствените експерти сметаат дека комарецот успеал толку добро да се „насели“ на континентот поради климатските промени, бидејќи потоплото време го скратува периодот на инкубација на јајцата, а зимите веќе не се доволно студени за да ги убијат штетниците.

„Убедени сме дека тоа е ризик кој ќе стане уште поголем“, изјави за АФП во април Мари-Клер Пати, раководител за следење на заразни болести во органот за јавно здравје Sante Publique.