Автобус се запали кај Стража, нема повредени патници


Автобус  кој патувал на релација Гостивар – Кичево, се запалил утрово кај Стража, нема повредени патници, потврдија од МВР за МИА.

-Денеска, во 11 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево. На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица, наведуваат од МВР.