Киев добива американски тенкови од Германија


 Украина ќе добие десет американски тенкови Абрамс во средината на септември, пишува Политико повикувајќи се на неименуван претставник на Пентагон.

Тенковите моментално се во Германија и кога ќе заврши ремонтот ќе бидат префрлени во Украина.

Порталот тврди дека западните функционери се надеваат дека техниката ќе им овозможи на украинците да добијат предност во контраофанзивата.

САД и ветија на Украина вкупно 31 тенкови Абрамс.