Приведен грчки државјанин поради нудење поткуп


Денеска (02.09.2023) на граничниот премин Богородица во 17.45 часот полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода Х.Ј. од Грција поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, Х.Ј. се обидел да влезе во Република Северна Македонија со патничко моторно возило „пежо 206“ со германски регистерски таблички, но не поседувал зелен картон. Кога од страна …

Приведен грчки државјанин поради нудење поткуп Read More »

Маричиќ: Сега е време да се носат одлуки за ЕУ, во декември се очекува пакетот за проширување


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека во декември во Брисел се очекува да се расправа и да се донесе одлука за почеток на преговори и за Украина и Молдавија, на која ќе се додадат уште четири држави коишто веќе преговараат за членство со Европската Унија. – Тоа не значи дека некому е нешто …

Маричиќ: Сега е време да се носат одлуки за ЕУ, во декември се очекува пакетот за проширување Read More »

Почина Насе Насев


Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев почина денеска во Скопје по кратко боледување на 80-годишна возраст. Роден во кочанското село Нивичани, Насев беше меѓу основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на локалниот клуб „Спартак“, а потоа и селектор на репрезентацијата во поранешна Југославија. …

Почина Насе Насев Read More »

(Фото) Граѓани помагаат да се изгаси пожарот кај ресторанот „Рагуза“


Со две противпожарни возила, пожарникарите, потпомогнати од локалните жители успеаја за кусо време да го стават под контрола пожарот кој попладнево изби на ледината спроти ресторанот „Рагуза“ во скопско Ново Лисиче. Граѓаните од околните згради гледаа како пожарот се шири на различни страни, како што се менуваше ветрот. Граѓани гасеа со стапови, се фрлаше песок …

(Фото) Граѓани помагаат да се изгаси пожарот кај ресторанот „Рагуза“ Read More »

ПМФЛ: Без голови на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, прва победа на Вардар


Дербито во рамки на 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Шкендија и Шкупи заврши попладнево во Тетово без голови, додека Вардар ја забележа првата победа оваа сезона, совладувајќи го градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров. Во преостанатите три натпревари од денешната програма, Силекс со играч помалку триумфираше на гостински терен против Гостивар, Воска …

ПМФЛ: Без голови на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, прва победа на Вардар Read More »

(Фото) Гори сува трева во близина на ресторанот „Рагуза“ во Ново Лисиче


Сува трева се запали во близина на ресторанот „Рагуза“, или попознат како „Мирко“, во Ново Лисиче. Во моментот, пожарникари со едно противпожарно возило се обидуваат да го изгасат, но дува ветар, а пожарот брзо се шири поради тоа што тревата е сува.  Жителите од околните згради може да го видат, а се чувствува и мирис …

(Фото) Гори сува трева во близина на ресторанот „Рагуза“ во Ново Лисиче Read More »

Фестивал на млекото во Прилеп: Млечната криза е долгогодишна, мора да се поддржат малите производители и стопанства


Млечната криза во земјава е долгорочен проблем, а спасот е во малите стопанства и поддршката на малите производители. Потребно е државата да ги поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара во увозот.  Ова го констатираа млекопроизводителите и околу 35 проиводители на млечни и земјоделски производи на денешниот фестивал …

Фестивал на млекото во Прилеп: Млечната криза е долгогодишна, мора да се поддржат малите производители и стопанства Read More »

Во средата го соборија претседателот на Габон, денеска ги отворија границите


Пучистите кои го соборија претседателот Али Бонго Ондимба во Габон веќе денеска најавија повторно отворање на границите, изјави полковникот Улрих Манфумби Манфумби, портпарол на Комитетот за транзиција и реконструкција на институциите (КТРИ), на програма на државната телевизија.   „Во желбата да се зачува почитувањето на владеењето на правото, добрите односи со нашите соседи и сите …

Во средата го соборија претседателот на Габон, денеска ги отворија границите Read More »

РФМ не донесе одлука за редуцирање на машката Суперлига


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на денешното редовно годишно Собрание одлучи да го пролонгира редуцирањето на машката Суперлига од сегашните 16 на осум екипи, како што беше предложено. На барање на дел од ракометните прволигаши, со образложение дека формирањето Суперлига А и Суперлига Б, може да влијае врз висината на ваучерите кои ги добиваат од …

РФМ не донесе одлука за редуцирање на машката Суперлига Read More »

Возрасни луѓе уништуваат урбана опрема во Бутел – општината со осуда


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го осуди вандалскиот чин со кој се уништува урбана опрема. – Жално е што сè почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмараат. Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов” каде што целосно …

Возрасни луѓе уништуваат урбана опрема во Бутел – општината со осуда Read More »

Повлечена поканата до рускиот амбасадор за доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм


Нобеловата фондација денеска објави дека ја повлекува поканата до рускиот амбасадор во Шведка да присуствува на годинашната церемонија на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм, по острите критики од шведските политичари, јави ДПА. – Ја забележавме силната реакција на Шведска, која целосно ја засени нашата одлука. Избравме да го повториме минатогодишниот исклучок од редовната практика …

Повлечена поканата до рускиот амбасадор за доделувањето на Нобеловите награди во Стокхолм Read More »

Родителите масовно ги испишуваат децата од училиштето „Рибникар“ каде што се случи масакрот во Белград


Новата учебна година започна вчера, а девет ученици од старото VII/2 ги немаше во во училниците на Основното училиште „Владислав Рибникар“ бидејќи монструозното момче Коста Кецмановиќ ги уби со истрели од пиштол на 3 мај годинава. Првиот училишен ден сите деца во основните училишта во Србија помина без предавања. Децата разговараа со своите професори, а …

Родителите масовно ги испишуваат децата од училиштето „Рибникар“ каде што се случи масакрот во Белград Read More »

Меџити со поддршка за акцијата на Клиниката за онкологија, очекува брза истрага


Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска даде поддршка за синоќешната акција на Обвинителството и полицијата на Клиниката за онкологија, очекува институциите брзо да се произнесат во однос на истрагата. – Како министер, силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи, кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во …

Меџити со поддршка за акцијата на Клиниката за онкологија, очекува брза истрага Read More »

Пожар на отворено во гостиварското село Речане


Вработени во „Македонски шуми“ и пожарникари преземаат мерки за да го локализираат шумскиот пожар кој претпладнево избувна во близина на селото Речане, гостиварско.   Според инфромациите од Ценатрот за управување со кризи, пожарот бил пријавен на телефонскиот број 112, а на местото била испратена една екипа од тројца пожарникари и едно ПП возило. -Првичните информации …

Пожар на отворено во гостиварското село Речане Read More »

Уметничкиот директор на Берлинале ќе го напушти фестивалот по изданието во 2024 година


 Актуелниот уметнички директор на годишниот филмски фестивал во Берлин, Карло Чатријан, ќе го напушти фестивалот по изданието следната година, објави денеска тој во лична изјава на веб-страницата на Берлинале. -Мислев дека може да се олесни континуитетот доколку останам дел од фестивалот, но, во новата структура како што е претставена, сосема е јасно дека веќе не …

Уметничкиот директор на Берлинале ќе го напушти фестивалот по изданието во 2024 година Read More »

Во Полска 19 починати од легионела


Големата епидемија на легионела во полскиот град Жешов и околниот регион веќе предизвика смрт на 19 лица, соопштија денеска локалните здравствени власти, јави ДПА. Сите починати имале и други болести, објави здравствениот оддел во југоисточниот град. Бројот на заразени со бактеријата се искачи на 160, од кои 107 се од самиот Жешов, според извештајот. Легионерската …

Во Полска 19 починати од легионела Read More »

Тешко повредена малолетничка во Скопје по пад од електричен тротинет


Малолетничка од Скопје се здобила со тешки телесни повреди по пад од електричен тротинет, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 23:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Илинден“, малолетничка управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот. Малолетничката била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле …

Тешко повредена малолетничка во Скопје по пад од електричен тротинет Read More »

Од денеска, мостот „Беласица“ отворен за лесни возила


 Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ. – Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања …

Од денеска, мостот „Беласица“ отворен за лесни возила Read More »

Уделот на Русија во трговијата со ЕУ падна под два отсто


Трговијата на ЕУ со Русија е силно погодена од увозните и извозните ограничувања наметнати од Брисел по руската инвазија на Украина. И извозот и увозот значително се намалија под нивото пред инвазијата. Уделот на Русија во увозот надвор од ЕУ падна од 9,6% во февруари 2022 година на 1,7% во јуни 2023 година, додека уделот …

Уделот на Русија во трговијата со ЕУ падна под два отсто Read More »

Пожарот во грчката област Еврос активен веќе 15 дена


Над 500 пожарникари веќе 15-ти ден, од копно и воздух, се обидуваат да го стават под контрола пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  Според грчката државна телевизија ЕРТ, денеска се активни три жаришта, од кои едно е северно од Националниот парк Дадиа. Во гаснењето на пожарот, …

Пожарот во грчката област Еврос активен веќе 15 дена Read More »