Без вода делови од Хиподром, Маџари и Трубарево


Поради дефект на шибер од Ф-100 мм на ул.„Жан Жорес“ бб, од 10 часот без вода или со намален притисок ќе бидат корисниците во дел од населбите Хиподром и Маџари, како и селото Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер ја погоди границата меѓу Чиле и Боливија


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пограничниот регион на Чиле и Боливија, соопшти германскиот центар за геонауки (ГФЗ). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри, соопшти ГФЗ. Засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.

Со минирање кај Кичево, почнуваат градежни работи на Коридорот 8 со „Бехтел и Енка“


Во село Горна Бањица – Кичево денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8. На настанот е најавено присуство на  првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д  Артан …

Со минирање кај Кичево, почнуваат градежни работи на Коридорот 8 со „Бехтел и Енка“ Read More »

Јавна куќа бара дегустатор за проститутки: министерката реагира, граѓаните згрозени (фото)


„Вработуваме!!! „Дегустатор на девојки – аплицирај веднаш“ – гласи огласот испишан со големи букви на постер на главната крстосница на главниот пат во Грац, Австрија, каде борделот „Максимус“ предизвика бура од реакции. Австриската министерка за интеграција и семејство, Сузан Рааб, веднаш реагираше на плакат на кој беше објавена работа за „лудак“, односно некој чија работа …

Јавна куќа бара дегустатор за проститутки: министерката реагира, граѓаните згрозени (фото) Read More »

Кометата Нишимура ќе го осветли небото овој месец, нема да се врати уште 400 години


Светла нова комета ќе го осветли небото на северната хемисфера на 12 септември, а потоа околу 17 септември пред да исчезне на сончевата светлина. Доколку кометата „преживее“ блиска средба со Сонцето, се очекува да биде видлива за време на самракот до крајот на септември. Аматерскиот астроном Хидео Нишимура од јапонскиот град Кагава ја откри оваа …

Кометата Нишимура ќе го осветли небото овој месец, нема да се врати уште 400 години Read More »

Поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12.09.2023 година (вторник), во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување на протест пред Владата на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Од тие …

Поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје Read More »

Симптом кој открива недостаток на магнезиум – се јавува додека јадете


Магнезиумот е минерал неопходен за здрави мускули, нерви, коски и нивото на шеќер во крвта. Според Health Direct, недостаток на магнезиум се јавува кога нашето тело не добива доволно магнезиум во нашата исхрана за нормално да функционира. Иако симптомите можат да бидат различни, а често е многу тешко да се препознаат, лекарите нагласуваат дека еден …

Симптом кој открива недостаток на магнезиум – се јавува додека јадете Read More »

Зад хотелот „Белви“ гори трска, огнот се шири кон Арачиново


Гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје, информацијата ја потврдуваат и од Центарот за управување со кризи. Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов запалена е трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Чадот, како што информираат …

Зад хотелот „Белви“ гори трска, огнот се шири кон Арачиново Read More »

Спелеологот девет дена заробен во пештера до вечер може да биде извлечен


Американскиот спелеолог, кој на 2 септември поради болест беше заробен во пештера на длабочина од 1.040 метри во јужна Турција, може да биде извлечен на површина уште во понеделник навечер, објави Турската спелеолошка федерација (АФАД). Марк Дики (40) доживеал стомачно крварење додека го истражувал системот на пештерата Морка со меѓународен тим, а околу 150 луѓе, …

Спелеологот девет дена заробен во пештера до вечер може да биде извлечен Read More »

Од 18 септември времен режим на сообраќајот на десната страна од тунелот во правец Блаце – Скопје


Времен режим на сообраќајот на десната страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот, ќе се воспостави од понеделник, 18 септември, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Сообраќајот, како што е наведено во соопштението од ЈПДП, ќе се одвива со наизменично пропуштање на возилата и …

Од 18 септември времен режим на сообраќајот на десната страна од тунелот во правец Блаце – Скопје Read More »

Во Охрид работилница за обука на научниците од регионот за проектот Европски облак за отворена наука


Стотина учесници од земјите на Западен Балкан и од Украина се дел од тридневната меѓународна научна конференција во Охрид, во чии рамки е спроведува работилница за обука во врска со Европскиот облак за отворена наука (EOSC). Европскиот облак за отворена наука е камен-темелник на дигиталната стратегија на Европската комисија за истражување, проект насочен кон зголемување …

Во Охрид работилница за обука на научниците од регионот за проектот Европски облак за отворена наука Read More »

ЦУК: Пожарот кај село Зрзе е сѐ уште активен, се шири и огнот во реонот на село Кошино, нов пожар и над Бељаковце


Регионалниот ЦУК Прилеп, известува дека пожарот кај село Зрзе, Општина Долнени, е сѐ уште активен во два крака: едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје. – Во моментот во негово гаснење интервенираат 14 пожарникари од ТППЕ Прилеп со 4 ПП возила и 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Црн Бор“ …

ЦУК: Пожарот кај село Зрзе е сѐ уште активен, се шири и огнот во реонот на село Кошино, нов пожар и над Бељаковце Read More »

Австрискиот канцелар се залага за прекин на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ


Австрискиот канцелар Карл Нехамер во интервју за „Велт“ изјави дека е против продолжување на преговорите за членство на Турција во ЕУ и ги повика земјите-членки да развијат нов формат на соработка меѓу Брисел и Анкара. Преговорите со ЕУ за пристапување на Турција почнаа пред 18 години, но веќе пет години се замрзнати, пишува„Велт“. Сепак, тој …

Австрискиот канцелар се залага за прекин на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ Read More »

Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува дека до крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците.   Очекува дека по уште еден состанок на Националната комисија за учебници кој ќе се одржи …

Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници Read More »

Трет ден пожарникарите интервенираат на пожарот на депонија во тетовско Добарце, Општина Желино


Територијалната противпожарна единица Тетово информира дека и денеска продолжиле со повеќе интервенции на пожарот што избувна на депонија во саботата во селото Добарце, Општина Желино. Во текот на првата половина од првата смена, од утрово на неколку пати биле ипратени пожарникари да интервенираат употребувајќи вода од камионите со цистерни. – И денес трет ден се …

Трет ден пожарникарите интервенираат на пожарот на депонија во тетовско Добарце, Општина Желино Read More »

Грковска: Обвинителите и судиите да си ја вршат работата независно и непристрасно


Правосудниот систем, обвинителите и судиите треба независно и непристрасно да си ја вршат својата работа. Некогаш, за жал, имам впечаток дека обвинителите и судиите се ставаат во поголема улога од политичарите, прават политичка проценка пред да донесат одредена одлука за тајминот на одлуката, за висината на казната, порача денеска вицепремиерката задолжена за политики за добро …

Грковска: Обвинителите и судиите да си ја вршат работата независно и непристрасно Read More »

Поранешен хакер советува како да се спасите од измами


Сите имаме на располагање добри алатки кои можат да го намалат ризикот од измама за најмалку 50 проценти, ако не и повеќе. Без разлика дали сакате да признаете или не, сите ние имаме малку страв да не паднеме на измама и да изгубиме значителна сума пари. Сепак, мора да признаеме и дека ова е всушност …

Поранешен хакер советува како да се спасите од измами Read More »

Утре против Малта, без Димитриевски на голот


Македонската единица Столе Димитриевски поради повредата на грбот здобиена на дуелот со Италија нема да може да брани утревечер против Малта. Селекторот Благоја Милевски во репрезентацијата дополнително го повика голманот на тетовска Шкендија, прилепчанецот Давор Талески, кој сезонава брани во одлична форма. Се очекува утре против Малта помеѓу стативите да застане Дамјан Шишковски, или пак …

Утре против Малта, без Димитриевски на голот Read More »

ОЈО: Тројца пациенти од Онкологија ќе имаат увид во целата постапка


Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје денеска информира ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на …

ОЈО: Тројца пациенти од Онкологија ќе имаат увид во целата постапка Read More »

Дојави за бомби на неколку локации во Крагуевац


Дојави за поставена бомба биле пријавени на десетина локации во Крагуевац, Србија, потврдуваат од полициската управа за српските медиуми. Првата дојава за бомбата била пријавена денеска околу 11.30 часот, а досега вакви повици крагуевачката полиција добила од десетина локации, потврдиле за „Нова.рс“ од управата на полицијата. Извештаи за поставена бомба пријавија средни училишта, некои факултети, …

Дојави за бомби на неколку локации во Крагуевац Read More »