Дојави за бомби на неколку локации во Крагуевац


Дојави за поставена бомба биле пријавени на десетина локации во Крагуевац, Србија, потврдуваат од полициската управа за српските медиуми.

Првата дојава за бомбата била пријавена денеска околу 11.30 часот, а досега вакви повици крагуевачката полиција добила од десетина локации, потврдиле за „Нова.рс“ од управата на полицијата.

Извештаи за поставена бомба пријавија средни училишта, некои факултети, јавни претпријатија и приватни компании.

Од полицијата велат дека граѓаните се евакуирани од сите локации и дека на терен се увидни контрадиверзантски екипи, објавија српските медиуми.

Според неофицијални информации на „Нова.рс“, дојава за поставената бомба добиле во Првата и Втората крагуевачка гимназија, Палатата на правдата, „Фиат“, како и „Лидл“.