Без вода делови од Хиподром, Маџари и Трубарево


Поради дефект на шибер од Ф-100 мм на ул.„Жан Жорес“ бб, од 10 часот без вода или со намален притисок ќе бидат корисниците во дел од населбите Хиподром и Маџари, како и селото Трубарево.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.