СЗО прогласи голема епидемија на мајмунски сипаници во Конго


Светската здравствена организација (СЗО) прогласи голема епидемија на Мпокс (порано позната како мајмунска сипаница) во Демократска Република Конго и во делови од светот. Како што соопшти организацијата на ОН во Женева на 15 декември, од јануари до средината на ноември годинава во Конго се појавиле повеќе од 13 илјади сомнителни случаи и повеќе од 600 …

СЗО прогласи голема епидемија на мајмунски сипаници во Конго Read More »

Гневните германски земјоделци го „окупираа“ центарот на Берлин со трактори


Германската влада планира да ги намали даночните кредити за дизелот што се користи во земјоделството, бидејќи се обидува да „затвори“ дупка од 17 милијарди евра во буџетот на земјата, што ги принуди земјоделците да го изразат своето незадоволство и протест. Лидерите на трипартиската коалиција на канцеларот Олаф Шолц се согласија минатата недела да ја затворат …

Гневните германски земјоделци го „окупираа“ центарот на Берлин со трактори Read More »

Во Шпанија уапсен шефот на албанската мафија по 20 години бегство, апсен бил и во Македонија


Во шпанскиот град Аликанте е уапсен Љуљзим Б.(52), водач на албанска криминална организација, кој е во бегство речиси 20 години, пренесува Euro Weekly News. За двојно убиство се бараше Љуљзим Б. Озлогласениот бос на голема криминална организација е уапсен од шпанската национална полиција, објавија локалните медиуми. Албанскиот криминалец „падна“ по длабинска истрага на шпанската полиција …

Во Шпанија уапсен шефот на албанската мафија по 20 години бегство, апсен бил и во Македонија Read More »

Зеленски задоволен од новите санкции кон Русија – ќе ја намали економската сила


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите санкции воведени од Европската унија кон Русија вчера. – Дванаесеттиот пакет казнени мерки „навистина ќе ја намали“ економската основа на руската војна против Украина, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. ЕУ соопшти дека санкциите ја забрануваат трговијата со руски дијаманти, дополнително го ограничуваат рускиот извоз и увоз …

Зеленски задоволен од новите санкции кон Русија – ќе ја намали економската сила Read More »

Ердоган во Унгарија, Орбан му подари коњ


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сака да ги продлабочи односите со унгарскиот премиер Виктор Орбан, за време на неговата втора посета на Будимпешта во последните четири месеци. Унгарија и Турција се единствените членки на НАТО кои не го ратификуваа пристапувањето на Шведска во Северноатлантскиот договор. Унгарскиот парламент допрва треба да гласа за …

Ердоган во Унгарија, Орбан му подари коњ Read More »

Во Црна Гора пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња


Од почетокот на ноември во Црна Гора се пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња. „Помеѓу пријавените случаи (129), најголем дел од заболените има во возрасната група од 11-15 години (71), во групата од 26-64 години (20), во групата од 6-10 години (15 ), 1-5 години (9), до една година (6), …

Во Црна Гора пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња Read More »

Без вода дел од корисниците на ул. „Св. Наум Охридски“ и „Чедомир Кантарџиев“ поради уличен дефект


 ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Св Наум Охридски“ бр. 2 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и тоа од бр. 2 до бр. 20 и од ул. „Чедомир Кантарџиев“. Прекинот на водоснабдување ќе биде од 20:30 час до завршување …

Без вода дел од корисниците на ул. „Св. Наум Охридски“ и „Чедомир Кантарџиев“ поради уличен дефект Read More »

Риши Сунак: Премногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас


 Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека премногу цивили загинале во конфликтот меѓу Израел и Хамас и го обнови својот повик за „одржлив прекин на огнот“ за да се овозможи ослободување на заложниците. Портпаролот на Сунак посочи дека одржливиот прекин на огнот значи траен прекин, но додаде дека Велика Британија не се залага за целосен …

Риши Сунак: Премногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас Read More »

Ватикан одобри: Свештениците може да благословуваат истополови парови


Ватикан, во историска одлука одобрена од папата Франциск, денеска објави дека римокатоличките свештеници ќе можат да вршат обреди на благослов за истополовите парови, под услов обредите да не бидат дел од редовните католички ритуали или литургија. Во документ од ватиканската администрација за доктрина се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку …

Ватикан одобри: Свештениците може да благословуваат истополови парови Read More »

Поради неисчистен снег камиони во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир


 Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот  од кога била формирана колона долга повеќе километри.  -Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да …

Поради неисчистен снег камиони во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир Read More »

Човек е отсечен од снегот во Кавадаречко – одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња


Во околината на Кавадарци, висината на снежната покривка е над 70 см, а едно лице кое е отсечено од цивилизацијата одбива помош, затоа што во четирициклот, со кој му е понудено да биде вратен дома, нема место за неговите две кучиња. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, лицето е отсечено поради снегот, во …

Човек е отсечен од снегот во Кавадаречко – одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња Read More »

Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на ДИК


Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на Државната изборна комисија. Предлог листата е веќе доставена и се очекува Комисијата за избори и именувања да го утврди кандидатот, потврдија доцна попладне од Собранието. Адбуш Демири е поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени, информираше денеска пратеничката на Алтернатива дел од оваа …

Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на ДИК Read More »

Награден конкурс за најдобра беседа „Како против пизмата?“ во чест на Григор Прличев


 Градската библиотека „Григор Прличев“ распиша Конкурс за избор на најдобра беседа посветена големиот поет и преродбеник, патронот Григор Прличев, на тема „Како против пизмата?“. На Конкурсот можат да се пријават заинтересирани млади автори на возраст меѓу 15 и 30 годиини, државјани на Република Северна Македонија. Според пропозициите, беседата „Како против пизмата?“ не смее да биде …

Награден конкурс за најдобра беседа „Како против пизмата?“ во чест на Григор Прличев Read More »

Извлечени три деца од под ѕидот што се урна во училиште во Романија


Сид од домот на средното училиште Тамаси Арон во Одореј Секуеску, Романија, попладнево се урна, а спасувачките екипи се на терен. Сомнежите се  дека до уривање дошло откако работници вршеле работи на приклучување на објектот со канализационата мрежа. Според портпаролката на градскиот совет, Зорга Ноеми, во училишниот двор се изведувале работи за приклучување на канализационата …

Извлечени три деца од под ѕидот што се урна во училиште во Романија Read More »

Путин ги достави документите за регистрација за претседателските избори следната година во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги доставил своите документи до Централната изборна комисија на Русија за да се регистрира како кандидат за претседателските избори во земјата во 2024 година. „Тој ги достави“, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руските државни медиуми. Поддржувачите на Путин минатата сабота официјално ја започнаа неговата кандидатура за претседателските избори …

Путин ги достави документите за регистрација за претседателските избори следната година во Русија Read More »

Одрони на патот Скопје – Велес


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од Е-112 е добиена пријава дека има одрони на патот на 100 метри пред тунелот во правец Катланово накај Велес. Од страна на РЦУК – Велес е добиена информација дека ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта е известена за понатамошна постапка.

Во Шпанија 18 училишта беа затворени поради лажни закани за бомби


Неколку меѓународни училишта во Шпанија денеска беа затворени поради извештаи за закани со бомби, за кои полицијата соопшти дека по проверките биле лажни. Извор од полицијата во Сарагоса потврди дека четири меѓународни училишта во тој град добиле закана преку електронска пошта и дека француската гимназија „Молиер“ денеска е затворена. Три британски училишта во Мадрид потврдија …

Во Шпанија 18 училишта беа затворени поради лажни закани за бомби Read More »

Судските рочишта во процесот против Навални одложени за јануари


Двете судски рочишта во судскиот процес против притворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, закажани за денеска, се одложени за јануари, објавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на судски документи. Рочиштата се одложени за 11 и 16 јануари. Соработниците на Навални, кои се подготвуваа за неговиот очекуван трансфер во колонијата на „специјалниот режим“, односно најстрогата во …

Судските рочишта во процесот против Навални одложени за јануари Read More »

Конференција на ОЛАФ за борба против фалсификувањето на играчки


Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) во соработка со Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) и Даночната агенција на Шпанија, денеска и утре во шпанскиот град Аликанте организира Конференција за борба против фалсификувањето играчки. Како што соопшти денеска ОЛАФ, околу 60 учесници на дводневната конференција ќе разговараат за идентификување на најновите криминални трендови …

Конференција на ОЛАФ за борба против фалсификувањето на играчки Read More »

Онколошките пациенти од источна Македонија ќе бидат ослободени од плаќање патарини


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето за ослободување од плаќање патарини на онколошките пациенти од источна Македонија, кои мораат често да патуваат во Скопје за терапиите. По денешниот увид во градежните работи за браната на реката Отиња во Штип, министерот Бочварски, одговарајќи на новинарски …

Онколошките пациенти од источна Македонија ќе бидат ослободени од плаќање патарини Read More »