Поскапува Еуросупер БС-95


За два денари од полноќ поскапува Еуросупер БС-95, додека цените на останатите нафтени деривати остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Новата цена по која ќе се продава Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, додека за Еуросупер БС-98, цената останува иста – 85,5 денари за литар. Непроменети остануваат и цените на дизелот …

Поскапува Еуросупер БС-95 Read More »

Бојмацалиев: Пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти


Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски за време на посетата на ОВР Ресен ги посетија и реконструираните простории на управните служби на оваа организациска единица. Целосната реконструкција на ОВР Ресен е во вредност 12.800.000 денари. Бојмацалиев и Тасевски ги посетија вработените во реконструираните простории …

Бојмацалиев: Пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти Read More »

(Видео) Русите случајно со проектил го потопиле сопствениот брод


Русија случајно го потопи сопствениот брод со проектил за време на поморските вежби во близина на брегот на регионот Калининград. Тројца членови на екипажот загинаа, а четворица се ранети, јавија локалните медиуми. За време на вежбата на Балтичката флота на 19 март, проектил случајно го потопи бродот „Капетан Лобанов“, објави независниот телевизиски канал ТВ Дожд, …

(Видео) Русите случајно со проектил го потопиле сопствениот брод Read More »

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе за злоупотреба на службената положба


 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, С.В.(53), осомничен за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што соопшти МВР, тој во 2021 година за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување …

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе за злоупотреба на службената положба Read More »

Избрани кандидатите на ЗНАМ за носители на листите за пратеници, ќе бидат претставени на конвенција в недела


Движење ЗНАМ – За наша  Македонија в недела од 13 часот во СРЦ Кале ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори. На прес-конференција нив денеска ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ, кој рече дека органите на партијата, нејзините извршен и централен одбор, вчера со …

Избрани кандидатите на ЗНАМ за носители на листите за пратеници, ќе бидат претставени на конвенција в недела Read More »

„Дрекселмајер“ подари специјално возило за лицата со попреченост во Прилеп


Специјално возило со автоматска рампа за лицата со попреченост како донација доби прилепската локална самоуправа од компанијата „Дрекслмајер Македонија“. Возилото е опремено за непречен пристап на инвалидска количка, како и простор кој е соодветно наменет за транспорт на опремата на лицата со попречености. Како што информираат од Општината, целта на донацијата е на граѓаните со …

„Дрекселмајер“ подари специјално возило за лицата со попреченост во Прилеп Read More »

МД „Илинден“-Тирана го актуелизира барањето за 24-часовно функционирање на граничниот премин Џепиште -Требиште


 Македонското друштво „Илинден“ – Тирана повторно го актуелирира барањето владите на Северна Македонија и на Албанија, да го реализираат договореното, граничниот премин Џепиште – Требиште во близина на Дебар, да функционира 24 часа. -Бараме од владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, што е неопходно …

МД „Илинден“-Тирана го актуелизира барањето за 24-часовно функционирање на граничниот премин Џепиште -Требиште Read More »

„Пакомак“ ќе донира по 2 денара за секоја лименка или пластично шише


„Пакомак“ ќе донира по 2 денара за секоја лименка или пластично шише одложени во наменски поставената повратна вендинг-машина во ОУ „Ј. Х. Песталоци“. Оваа акција е договорена помеѓу „Пакомак“ и Општина Центар, а вчера и официјално беше потпишан меморандум за соработка. Со цел интензивирање на селекцијата на отпад во основните училишта на територијата на општина …

„Пакомак“ ќе донира по 2 денара за секоја лименка или пластично шише Read More »

Словенија, Хрватска и Италија го поддржуваат воведувањето мешани патроли на заедничките граници


 Министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и Италија – Боштјан Поклукар, Давор Божиновиќ и Матео Пјантедоси на состанокот во Брдо кај Крањ, го поддржаа воведувањето трипартитни мешани патроли долж нивните заеднички шенгенски граници, објавија словенечките медиуми. Тие ќе истражат дали ова би можело да биде алтернатива на граничните контроли кои се во моментов. -Западнобалканската …

Словенија, Хрватска и Италија го поддржуваат воведувањето мешани патроли на заедничките граници Read More »

Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка, а можат да одржат само еден јавен настан


Кандидатурите за претседател на државата веќе се потврдени, а согласно измените на Изборниот законик, од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања на 4 април учесникот во изборната кампања не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања, а учесниците во изборите имаат право да организираат по еден …

Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка, а можат да одржат само еден јавен настан Read More »

Викендов сончево и топло, од понеделник со дожд


За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор …

Викендов сончево и топло, од понеделник со дожд Read More »

САД до Украина: Престанете со нападите врз руските рафинерии, ќе предизвикате одмазда


Соединетите Држави ја повикаа Украина да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура и предупредија дека нападите со беспилотни летала може да предизвикаат одмазда и да ги зголемат глобалните цени на нафтата, објави денеска „Фајненшл тајмс“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Нападите помогнаа да се зголемат цените на нафтата, кои се зголемија за речиси …

САД до Украина: Престанете со нападите врз руските рафинерии, ќе предизвикате одмазда Read More »

Лекарска комора бара веднаш да се расветли убиството на матичниот доктор


Лекарската комора на Македонија преку социјалната мрежа Фејсбук го осуди убиството на матичниот лекар на паркингот на Поликлиниката Железара. Бараат од истражните органи да го расветлат случајот. -Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, што предизвика силна вознемиреност кај докторската фела. Истакнуваме дека никаков вид на …

Лекарска комора бара веднаш да се расветли убиството на матичниот доктор Read More »

Почна сезоната на лалиња во Холандија, на еколошките активисти и тие им сметаат


Кеукенхоф, најголемата градина со лалиња во светот во близина на Амстердам, ги отвори вратите на 75-годишнината и очекува стотици илјади посетители да им се восхитуваат на цвеќињата од седум милиони цветни светилки. Лоциран во Лисе на западот на Холандија, паркот од 32 хектари е засаден со милиони шарени лалиња и други цвеќиња и е популарна …

Почна сезоната на лалиња во Холандија, на еколошките активисти и тие им сметаат Read More »

Лекар избоден до смрт пред поликлиниката „Железара“ во Скопје


  Лекар е убиен пред поликлиниката „Железара“ во Скопје во неговиот автомобил со повеќе убодни рани. Станува збор за Ацо Трповски (67), кој бил матичен лекар и неговата ординација била во поликлиниката. Автомобилот во кој е пронајдено неговото мртво тело бил на паркингот во близина на поликлиниката. Тој бил пронајден во 23 часот од неговите …

Лекар избоден до смрт пред поликлиниката „Железара“ во Скопје Read More »

Млад прилепчанец загина во сообраќајката на патот Градско-Прилеп


Тешка сообраќајна несреќа во која млад прилепчаец го загуби животот се случи вчера попладне на патот Градско – Прилеп. Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски односи, управуван од А.М.(29) од Прилеп и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски односи, управувано од З.Б.(38) од Куманово. -Во несреќата, А.М. се здобил …

Млад прилепчанец загина во сообраќајката на патот Градско-Прилеп Read More »

Муцунски почна изградба на парк на влезот во Лисиче, „Радост“ кај ПСС го заборави


На самиот почеток на пролетта започна изведбата на новиот парк лоциран на влезот на населбата Лисиче, покрај булеварот „Февруарски поход“. До крајот на следниот месец Аеродром ќе добие нов простор кој ќе биде целосно уреден со зеленило и урбана опрема и каде ќе биде поставено македонското знаме. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна истакна дека …

Муцунски почна изградба на парк на влезот во Лисиче, „Радост“ кај ПСС го заборави Read More »

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра


Инвестициите во инфраструктурата, повисоките трошоци за енергија и работна сила, зголемените каматни стапки и штрајкови ја турнаа германската државна компанија Дојче Бан во поголема загуба во 2023 година, покажа извештајот објавен денеска. Дојче бан минатата година забележа нето загуба од 2,4 милијарди евра, приближно десет пати поголема отколку во 2022 година. Нивните приходи паднале за 13 …

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра Read More »

Модриќ: Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите


Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ зборуваше за успехот на шпанскиот клуб во Лигата на шампионите. – Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите, поради што е најуспешниот клуб во историјата на турнирот. Со него освоив три титули во Ла Лига и пет трофеи во Лигата на шампионите. Ова е …

Модриќ: Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите Read More »

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец


 Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт“, соопшти неговиот Кабинет. Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати …

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец Read More »