Македонија е горда: Тамара во финале на Евросонг


Израел– Македонската претставничка Тамара Тодевска се пласираше во финалето на изборот на песна Евровизија, којшто ќе се одржи во сабота, во Тел Авив, Израел. Тамара настапи со песната „Горда“ (Proud). Aвтори на песната на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Од втората вечер во финалето се пласираа уште и Холандија, Албанија, …

Македонија е горда: Тамара во финале на Евросонг Read More »

Денот на словенската писменост во чест на Кирил и Методиј ќе се слави и во Србија


Српската Влада на денешната седница го усвои Предлог законот за дополнување на Законот за државни и други празници во Република Србија, со кој се предлага 24 мај да биде нов празник – Ден на Кирил и Методиј. Со овој празник ќе се одбележува Денот на словенската писменост и култура, кој го втемелија словенските просветители Кирил …

Денот на словенската писменост во чест на Кирил и Методиј ќе се слави и во Србија Read More »

Ни здодеа лицемерната борба за СЈО


ФРОСИНА ФАКОВА – СЕРАФИНОВИЌ Политичката елита очигледно сака Македонија да остане мафијашка држава. Повеќе од два месеца работни групи од власта и опозицијата се договараат и никако да го договорат статусот на Специјалното јавно обвинителство, институција која е услов за да тргнеме кон Европа. Власта постојано повторува дека нема да прифати во законот да се …

Ни здодеа лицемерната борба за СЈО Read More »

(ВИДЕО)Нешо и Валери со мелодична рап-песна со општествени пораки


Во последно време домашната рап-сцена се раздвижува со нови имиња. Најновото во оваа сфера доаѓа од раперот Ненад Ставровски – Нешо кој пред неколку дена објави нова песна со наслов „Ќе биде“. – Таа ми е една од омилените од мојот прв соло-албум „Балканизам“, кој излезе во етер на 10 мај. Се што сакам да …

(ВИДЕО)Нешо и Валери со мелодична рап-песна со општествени пораки Read More »

Бошњаковски заминува во Кабинетот на претседателот Пендаровски


Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека ова е негов последeн прес во својство на владин портпарол и дека заминува во Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар. -Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката …

Бошњаковски заминува во Кабинетот на претседателот Пендаровски Read More »

Судењето за „Талир“ одложено за 28 мај


Судијата Осман Шабани, по барање на адвокатот на обвинетите Дончо Наков, го одложи денешнито рочиште за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Судењето ќе просолжи на 28 мај. Според Наков, барањето за одлагање на судењето е поради членот 22 од законот за СЈО кој во моментов …

Судењето за „Талир“ одложено за 28 мај Read More »

Еврогрупата ќе разговара за буџетскиот капацитет на еврозоната


Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната денеска во рамки на Европгрупата ќе разговараат за економската состојба во ЕУ и за идниот буџетски капацитет на еврозоната, тие потоа ќе се состанат со останатите министри од ЕУ кои не се дел од еврозоната, но без Британија, јави дописничката на МИА од Брисел. Деветнаесетте министри за …

Еврогрупата ќе разговара за буџетскиот капацитет на еврозоната Read More »

Албанија прави етничка сегрегација во регионот


Албанскиот премиер Еди Рама влече потези кои предизвикуваат загриженост во регионот бидејќи, иако се спакувани во европски целофан, се на линија на идејата за големи држави. Последен повод за тоа е одлуката со која се укинуваат работните визи за граѓаните со албанско потекло од Македонија и од Црна Гора, како дел од владината политика за …

Албанија прави етничка сегрегација во регионот Read More »

Премала сцена, недостиг на кадар: Актерите од ТДМ бараат нов објект


Глумците од Театарот за деца и младинци бараат власта да ги слушне нивните барања и да им се овозможат достоинствени услови за работа. Првиот и најголемиот проблем што го посочуваат е премалата сцена на која ако се постави сценографија и ако треба во исто време да застанат четири или пет актери нема да има место …

Премала сцена, недостиг на кадар: Актерите од ТДМ бараат нов објект Read More »

Образованието доби „тројка“, 14 наставници „единица“


Најголем број од наставниците не се обучени да планираат и да реализираат настава во комбинирана паралелка за ученици од повеќе одделенија. Повеќето наставници не изготвуваат и не користат критериуми за оценување, иако е потребно да ги применуваат. Во поголем број училишта, односно во 60 отсто, информатичката технологија не е во функција, а несоодветно се организира …

Образованието доби „тројка“, 14 наставници „единица“ Read More »

Богоевски во полиција пријави недозволено снимање и сам себе за масло од канабис


Пратеникот Павле Богоевски попладнево самиот се пријавил во полициската станица Центар за маслото канабис, но поднел пријава и за непознат сторител, јавува Телма. Тој во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави самиот, бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски …

Богоевски во полиција пријави недозволено снимање и сам себе за масло од канабис Read More »

Утре во Солун прв состанок на Комисијата за трговски ознаки


Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња утре ќе одржи прв состанок во Солун, откри алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на расправата во грчкиот Парламент за ратификација на законите што произлегуваат од потпишаните договори во Скопје во март и април годинава за отворање на нови гранични премини. -Утре заседава …

Утре во Солун прв состанок на Комисијата за трговски ознаки Read More »

Замир Мехмети: Знам за приватните проблеми на Павле


Поранешниот активист кој беше дел и од „Шарената револуција“, Замир Мехмети, се огласи по низата напади и критики во врска со објавената аудио снимка на која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски. Откако Богоевски призна дека тоа е неговиот глас и дека набавувал нелегални супстанци, односно масло од канабис, јавноста реагира дека тој треба …

Замир Мехмети: Знам за приватните проблеми на Павле Read More »

Апелација одлучува дали Спиро Ристовски ќе излезе од притвор


Апелацискиот суд деновиве треба да донесе одлука дали ќе ја прифати жалбата, односно дали поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, ќе излезе од притвор и ќе се брани од слобода како осомничен дека го организирал упадот во Собрание. На јавна седница во Апелацискиот суд, Ристовски побара да му биде укинат притворот или …

Апелација одлучува дали Спиро Ристовски ќе излезе од притвор Read More »

Грчкиот Парламент расправа за ратификација на договорите за новите гранични премини кон нашата земја


Во речиси празна сала, со неколку пратеници од грчките партии, десетина минути по 16 часот по локално време започна расправата на пленарната седница во грчкиот Парламент за ратификација на двата договори потпишани во март и април во Скопје за отворање на новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, како и за подигнувањето на Канцеларијата …

Грчкиот Парламент расправа за ратификација на договорите за новите гранични премини кон нашата земја Read More »

Дац бара оставка од пратеникот Богоевски


Актерот Драган Спасов – Дац бара оставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека на објавената аудио снимка набавувал масло од канабис. – Очекувам оставка од Павле Богоевки. Како што е ред, нели? – пишува актерот на својто профил на Фејсбук. Пратеникот Богоевски се огласи во врска со снимката која се појави на руската …

Дац бара оставка од пратеникот Богоевски Read More »

Граѓаните земаат просечно меѓу 200 и 400 евра „брзи кредити“


Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат …

Граѓаните земаат просечно меѓу 200 и 400 евра „брзи кредити“ Read More »

Концертна промоција на албумот „Миндил“ од „Рона Нишлиу квартет“


Концертна промоција на вториот албум на „Рона Нишлиу квартет“, насловен „Миндил“ ќе се одржи на 20 мај, понеделник, во 21 часот во салата на Македонската филхармонија, во организација на Културно-информативен центар-Скопје. Музичкиот албум вклучува десет песни од стотици години музичко наследство, звуци што ја препознаваат креативноста на оваа територија, особено мелодични, лирски и весели нијанси. …

Концертна промоција на албумот „Миндил“ од „Рона Нишлиу квартет“ Read More »

Над 48.000 посетители на годинашниот Саем на книгата


Над 48.000 лица го посетија 31-то издение на Саем на книгата, што се одржа од 8 до 14 мај оваа година, под мотото „31 година Читај со задоволство“. – Овој саем ќе го паметиме по бројните промоции на нови изданија на книги од издавачите, по бројните гостувања на домашни и странски автори, но и по …

Над 48.000 посетители на годинашниот Саем на книгата Read More »

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија


Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Антиќ на денешното Изборно собрание во Скопје едногласно беше избрана како единствен кандидат. Во својата богата играчка кариера, 36-годишниот Антиќ беше дел од Работнички, АЕК, Црвена ѕвезда, Лукоил, Санкт Петербург, Олимпијакос, Фенербахче. Од 2013-2015 настапуваше за Атланта и беше …

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија Read More »