Богоевски во полиција пријави недозволено снимање и сам себе за масло од канабис

Пратеникот Павле Богоевски попладнево самиот се пријавил во полициската станица Центар за маслото канабис, но поднел пријава и за непознат сторител, јавува Телма.

Тој во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави самиот, бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин.

Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памти.