(ВИДЕО)Нешо и Валери со мелодична рап-песна со општествени пораки

Во последно време домашната рап-сцена се раздвижува со нови имиња. Најновото во оваа сфера доаѓа од раперот Ненад Ставровски – Нешо кој пред неколку дена објави нова песна со наслов „Ќе биде“.
– Таа ми е една од омилените од мојот прв соло-албум „Балканизам“, кој излезе во етер на 10 мај. Се што сакам да пренесам со оваа песна е дека треба да се научиме после пораз да ја кренеме главата горе и да се движиме кон следната рунда од животот – вели раперот Нешо.
На оваа песна му гостува и младата пејачка Валерија.
Нешо вели дека во текстот на песната ќе се пронајдат многумина, а причина за тоа е општеството во кое денеска сите живееме.
Тој се потпишува и како автор на текстот, додека пак зад музиката, аранжманот, и мастерингот стои потписот на Темелко Андреев, кој е и режисер на видеоспотот на песната.
Инаку Нешо не е нов на македонската музичка сцена, туку е рапер кој веќе години наназад твори.

loading...