Почна пленарната седница за распишување на референдум за името


Собранието на Република Македонија ја започна седницата за распишување на одлука за референдум за името. Иницијативата беше поднесена денеска од пратениците од СДСМ, ДУИ и Беса, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците не ја потпишаа. Во Предлог-одлуката е предложено референдумот да се одржи на 30 септември, тој да биде консултативен, а референдумското прашање …

Почна пленарната седница за распишување на референдум за името Read More »

Референдумот ќе чини 3,4 милиони евра


Референдумот за името ќе ја чини државата околу 3,4 милиони евра. Толку  пари во денарска противвредност се предвидени со предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници, која треба да биде донесена на истата седница на која ќе се гласа и за предлог-одлуката за распишување на референдумот. Со оваа одлука се преземаат средства од повеќе …

Референдумот ќе чини 3,4 милиони евра Read More »

Кичевка го оштетила ЈП „Македонски шуми“ за 230 илјади денари


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.П.(49) од Кичево поради „несовесно работење во службата“, со кое на ПСШ „Лопушник“ – Кичево при ЈП „Македонски шуми“ – Скопје, каде работела му причинила материјална штета од 233.288 денари. Како што информира денеска МВР, на 5 септември 2017 година во РЕ „Расадник Крушино“, вработени …

Кичевка го оштетила ЈП „Македонски шуми“ за 230 илјади денари Read More »

Ќе се врши психијатриско вештачење на напаѓачите на Саздо


Надлежниот јавен обвинител издал наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо, информираат од Основното јавно обвинителство. Адвокатот на еден осомничените Насер Рауфи очекуваше денеска да направи увид во доказите, но од Обвинителството информираат дека се уште прибираат вербални и материјални докази. Откако ќе ги приберат сите …

Ќе се врши психијатриско вештачење на напаѓачите на Саздо Read More »

Како осиромаши најбогатата партија во Европа


Од партија која до скоро важеше за најбогата во Европа и која го има можеби најрепрезентативното партиско седиште на овие простори, ВМРО-ДПМНЕ станува партија која тешко функционира без буџетски дотации. И која, веројатно, и поради тоа инсистираше на брзо донесување на Законот за финансирање на политичките партии пред да биде распишан референдумот за името. Обидот …

Како осиромаши најбогатата партија во Европа Read More »

ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе одлучува дали ќе бојкотира


Највисоките форуми на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука каква кампања ќе води партијата на престојниот референдум за името, доколку денеска биде донесена одлуката за распишување на референдумот, најави Игор Јанушев, генералниот секретар на опозициската партија. Во изјава пред Собранието, Јанушев најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на денешната седница за распишување на референдумот и …

ВМРО-ДПМНЕ дополнително ќе одлучува дали ќе бојкотира Read More »

Апаратот за мамографија во Штипската клиничка болница повеќе од една година не работи


Во Клиничката болница во Штип повеќе од една година не работи апаратот за мамографија. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека делот кој е потребен за поправка е порачан од октомври минатата година. – Во тек е набавка на делот кој недостига. Има еден единствен овластен сервисер за тој апарат. Меѓутоа за мене од …

Апаратот за мамографија во Штипската клиничка болница повеќе од една година не работи Read More »

Судии нема, а стручните не се избираат


Стручните судски службеници со години им ја завршуваат работата на судиите, им ги пишуваат пресудите и со стаж од десет, па и 20 години по судовите, не можат да бидат избрани за судии и да носат пресуди во името на граѓаните. Во време кога Европа бара реформирање на судството до јуни 2019 година, Македонија се …

Судии нема, а стручните не се избираат Read More »

Заев-Ханеда: Договорот со Грција беше постигнат со голема храброст на двете влади


Амбасадорката на Јапонија во земјава, Кеико Ханеда на средбата денеска со премиерот Зоран Заев му честиташе за постигнатиот договор со Грција, посочувајќи дека по неговото потпишување чувството на меѓународната заедница е дека двете земји се големи пријатели. Како што соопшти владината прес-служба, истакнувајќи дека Јапонија секогаш била голем пријател на Македонија, премиерот Заев посочи дека …

Заев-Ханеда: Договорот со Грција беше постигнат со голема храброст на двете влади Read More »

ЕК: Косовските царини се штетни и загрижувачки


По повеќе дена чекање да се види дали Косово и земјите од регионот ќе успеат да ги надминат разликите во трговскиот спор, Европската комисија се огласи со остар речник кон Приштина. Иако ЕК ја поздрави одлуката на косовоските власти да ги укинат заштитните мерки за увоз на овошје и на зеленчук кои доаѓаат од ЕУ, …

ЕК: Косовските царини се штетни и загрижувачки Read More »

„Но(е)ва Македонија“ во режија на Кокан Младеновиќ во Битолскиот театар


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Но(е)ва Македонија“ за чија режија беше ангажиран гостинот од Србија, режисерот Кокан Младеновиќ. Авторскиот проект „Но(е)ва Македонија“ претставува ангажирана општествена сатира која има за цел да ги истражи механизамите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи и фалсификување на историските …

„Но(е)ва Македонија“ во режија на Кокан Младеновиќ во Битолскиот театар Read More »

Димитров и денеска не реферираше за надворешната политика


Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, на која министерот за надворешни работи Никола Димитров требаше да реферира за остварувањето на меѓународната политика, е презакажана за 1 август. Од собраниската прес-служба информираа дека седницата е презакажана поради одредени собраниски обврски поврзани со координацијата на пратеничката група, во врска со најавената пленарна седница за утврдување на …

Димитров и денеска не реферираше за надворешната политика Read More »

(ФОТО) Референдумот ќе биде за консултирање на граѓаните


Предлог-одлуката за распишување на реферeндумот е подготвена и доставена до собраниската архива. Пратениците ќе се изјаснат за неа на седницата што почнува денеска. Паралелно треба да се изгласа и одлука за пренамена на средства од буџетот за спроведување на референдумот.  А.М.М.

Попладнево се очекува седница за референдумот


Се очекува поопладнево, најверојатно по 15 часот да почне седницата во парламентот на која ќе биде донесена одлуката за распишување на референдумот. Координацијата кај спикерот Талат Џафери заврши предмалку и според информациите се чека пратениците од мнозинството да ја поднесат предлог-одлуката во собраниската архива за Џафери да може да ја закаже седницата. Сите пратенички групи, …

Попладнево се очекува седница за референдумот Read More »

Членовите на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието


Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу. Претседателот на Комисијата Дерковски во изјавата за медиуми кажа дека како ДИК почитувајќи ги законите и …

Членовите на ДИК дадоа свечена изјава во Собранието Read More »

Иницијативата за референдум потпишана од СДСМ, ДУИ и БЕСА, се чека на пратениците од ВМРО-ДПМНE


Пратенциите од владејачкото мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според информациите од пратеничката гурпа на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум, а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА. Се чека …

Иницијативата за референдум потпишана од СДСМ, ДУИ и БЕСА, се чека на пратениците од ВМРО-ДПМНE Read More »

Независната истрага не ја утврди причината за исчезнувањето на летот МХ370


Група независни експерти кои беа ангажирани да ја испитаат судбината на исчезнатиот лет на „Малезија Ерлајнс“ МХ370 од 2014 година од Куала Лумпур до Пекинг, соопштија дека не успеале да ја откријат причината за несреќата. – Тимот не ја утврди вистинската причина за исчезнувањето на летот МХ370, изјави првиот човек на групата Кок Су Чон. …

Независната истрага не ја утврди причината за исчезнувањето на летот МХ370 Read More »

Анализа: Фејсбук користат 23 министри во Владата, 14 се активни на Твитер и Инстраграм


Дваесет и три од вкупно 26 министри во Владата на Република Македонија активно користат Фејсбук, што е зголемување за тројца кои се активни на оваа мрежа, покажуваат податоците од втората годишна Анализа направена во периодот од 23 до 28 јули 2018 година. Анализата и оваа година покажува дека поголемиот број на членовите на владиниот кабинет …

Анализа: Фејсбук користат 23 министри во Владата, 14 се активни на Твитер и Инстраграм Read More »

Еднонеделен штрајк на српските адвокати


Српските адвокати од денеска почнаа еднонеделен целосен прекин на работата, поради убиството на нивниот колега Драгослав Миша Огњановиќ во саботата, соопшти Адвокатската комора на Србија. Во соопштението се напоменува дека станува збор за целосен прекин на работата, што значи дека адвокатите нема да примаат ниту итни притворски предмети. – На овој начин сакаме да испратиме јасна …

Еднонеделен штрајк на српските адвокати Read More »

„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни, соопштија од компанијата, продажбите достигнуваат 3.647.869.385 денари, што е за четири отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката …

„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања Read More »