Почна пленарната седница за распишување на референдум за името


Собранието на Република Македонија ја започна седницата за распишување на одлука за референдум за името. Иницијативата беше поднесена денеска од пратениците од СДСМ, ДУИ и Беса, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците не ја потпишаа.

Во Предлог-одлуката е предложено референдумот да се одржи на 30 септември, тој да биде консултативен, а референдумското прашање гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?.

Како што најавија, на пленарната седница присуствуваат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе образложат зошто се против вакво референдумско прашање. Предлог одлуката за распишување на референдумот е поднесена од 69 пратеници.

На седницата на дневен ред е и одлука за распределување средства за референдумот, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, по скратена постапка.

За дневниот ред гласаа 65 пратеници, вклучувајќи и од ВМРО-ДПМНЕ.

 

фото: Б.Грданоски